(ВИДЕО) Нема да бидат дозволени собири околу црквата „Свети Спас“, вели министерот Спасовски

February 3, 2023
1 min read

Не може да има собирања во зоната која е во делот на обезбедување. Значи, не можеме да дозволиме да се организираат собири и било што друго во моменти кога имаме зголемени тензии, рече министерот за внатрешни работи во гостувањето во „360 степени“ на ТВ Алсат

Нема да бидат дозволени собири околу црквата „Свети Спас“ каде утре ќе се одбележува 151 година од раѓањето на Гоце Делчев. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во гостување во „360 степени“ на ТВ Алсат, рече дека насатанот е од висок ризик и дека направен е оперативен план кој не дозволува собири на граѓани за време на церемонијата. Право на присуство ќе имаат само лица што веќе се пријавиле дека ќе бидат дел од делеагциите за положување цвеќе на гробот на Делчев.

„Не, не може да има собирања во зоната која е во делот на обезбедување. Значи, не можеме да дозволиме да се организираат собири и било што друго во моменти кога имаме зголемени тензии. На основа на безбедносните проценки, на основа на сето она што е добиено како насока од Советот на безбедност, на основа на податоци и информации што ги прибираме и разменуваме меѓу инстиуциите, меѓу агенциите, ќе бидат преземени такви соодветни мерки“,

рече министерот Спасовски.

Од гостувањето на министерот Оливер Спасовски во „360 степени“

Спасовски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ има најавено поворка од партиското седиште до „Свети Спас“, но потенцира дека нема да им биде дозволен пристап до заштитената зона на лицата кои не се дел од делегација.

„Каде почнува и каде завршува заштитената зона е дел од оперативниот план на МВР и тие информации не може да се споделуваат во јавноста“,

додава Спасовски.

Прашан според кој критериум се повикувани лица на „превентивен разговор“ во полиција во пресрет на настанот, Спасовски рече дека тоа било редовна процедура кога се организира настан од висок ризик. Рече дека меѓу повикани, најверојатно, има и припадници на навивачката група „Комити.“

„Разговараме за лица и структури кои потенцијално би можеле да го нарушат јавниот ред и мир. Тоа се лица со кои превентивно се раговара за да не дојде до било какво нарушување. Тоа се прави и за фудбалски натпревари и за други настани. Сигурно дека има претставници со кои е разговарано од сите навивачки групи, не само од тие и од други структури кои се претставуваат како дел од тие радикални структури. Знаете, имаше најави дека ќе има ноќни стражи и слично кои ништо друго нема да направат освен да се подигне тензијата. И затоа апелираме постојано и јас и од Владата, да се смират тензиите. Немаме потреба од такви работи, затоа што тука се институциите на системот кои треба да го заштитат јавниот ред и мир и да се обезбеди достоинствено чествување“,

вели министерот за внатрешни работи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ПРИСТАПОТ КОН СВЕТИ СПАС ХЕРМЕТИЧКИ ЗАТВОРЕН: Граѓани спречени од полицијата да дојдат до гробот на Гоце Делчев

Следно

Српскиот парламент по дводневна дебата го усвои извештајот за преговорите со Приштина 

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop