(ВИДЕО) Моќна криминална група од Западен Балкан разбиена во меѓународна акција, уапсени 37 лица

May 26, 2023
1 min read

Моќната криминална ќелија, како што соопшти Европол, главно била вклучена во трговија со дрога и огнено оружје ширум Европа. Меѓу уапсените е и водачот на криминалната група, државјанин на Босна и Херцеговина, кој во моментот отслужува затворска казна во Италија, од каде што, според агенцијата, ги организирал и координирал активностите на бандата

Во меѓународна полициска акција уапсени се 37 лица поврзани со, како што се наведува, многу насилна криминална банда од Западен Балкан, соопшти Европол.

Специјалци на словенечката полиција за време на акцијата/Фото: Европол

Акцијата, која опфаќа повеќе симултани рации во повеќе европски земји, била координирана од команден центар во Загреб, Хрватска, со поддршка на службеници на Европол распоредени на терен.

Моќната криминална ќелија, како што соопшти агенцијата, главно била вклучена во трговија со дрога и огнено оружје ширум Европа.

„Во текот на истрагата беа уапсени вкупно 37 осомничени, вклучително и водачот на бандата, државјанин на Босна и Херцеговина, кој Европол го смета за цел од висок степен и кој во моментот отслужува четиригодишна затворска казна во Италија“,

се наведува во соопштението на Европол.

Водачот на криминалната група е осомничен дека организирал шверц на дрога и огнено оружје давајќи им наредби на своите подредени од зад решетки.

Вчера, истовремено, биле извршени серија рации низ Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Холандија, Италија, Белгија и Германија.

Заедно со апсењата полицијата запленила околу 148 000 евра во готовина, 18 парчиња огнено оружје, меѓу кои два митралези и 500 грама ТНТ со далечински детонатори.

Дел од запленетото оружје во акцијата/Фото: Европол

Исто така, во акцијата биле запленети и 15 килограми кокаин, 11 килограми хероин, како и одредени количини амфетамин, марихуана и хашиш.

Покрај полициски службеници и припадници на други надлежни служби од земјите во кои биле извршени претресите, во операцијата учествувале и агенти на американската Агенција за борба против дрога – ДЕА, се наведува во соопштението.

Меѓународната истрага уследи по она што Европол го опиша како „сложена истрага“ спроведена од хрватската полиција како дел од оперативната група „Балкански картел“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Костадиновска-Стојчевска: Македонската сликовница има силни автори

Следно

Белгија: Над 3.000 баратели на азил се оставени на улиците

Latest from Blog

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја соопшти одлуката на Извршниот одбор на партијата, која се однесува на давање согласност за кандидатури за градоначалници за претстојните
Go toTop