Видео: Кејт Хадсон во провокативно, но елегантно сино издание на црвениот тепих

November 21, 2025
1 min read

 Киноприкажувањето пред официјалната премиера се случи синоќа, објави порталот „Џаст-џејрд“.

Хадсон ја глуми Клер Сардин во претстојната драма, па на црвениот тепих се појави во исклучително елегантен, син проѕирен фустан со длабоко деколте, во креација од Вера Ванг. Впечатливата тоалета се издвојуваше со пуфкасти ракави и, отворен грб. Под проѕирниот фустан, таа носеше црн градник и свиленкасти сини куси бермуди, коишто според модните познавачи, дополнително го нагласија нејзиниот моден стил.

Својот изглед, таа го комплетираше со обетки со скапоцени камчиња од Никос Кулис, прстен од Дејвид Јурман и чевли на платформа. Косата ѝ беше собрана во елегантна пунџа. Нејзиниот партнер од филмот, Хју Џекмен (57) се одлучи за класична елеганција, појавувајќи се во црно одело и бела кошула.

Филмот „Тажно испеана песна“, заснован на вистинска приказна, ги следи двајца музичари кои основаат имитаторски бенд – дуо посветено на Нил Дајмонд и преку музиката ја откриваат својата љубов, нови можности и шанса конечно да ги остварат своите соништа.

Филмот ќе се прикажува во киносалите ширум светот на Божиќ, 25 декември и потоа. Просечната оценка на ИМДБ засега е 7,2 /10, од вкупно 133 гледачи кои го оцениле филмот. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

Следно

Проданоски: Инвестициите го подобруваат секојдневието на постарите лица

Latest from Blog

Маѓар со порака до Груевски: Унгарија повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци

Унгарскиот политичар и лидер на опозицијата, Петар Маѓар, упати остра порака до поранешниот македонски премиер Никола Груевски, најавувајќи радикална промена во политиката на азил доколку дојде на власт. Маѓар во својот последен
Go toTop