Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

November 21, 2025
1 min read

Како што пренесува ДПА, во нападот, кој се случил вчера, сериозно се повредени неколку лица, од кои две се во критична состојба, јави Канадиен прес (Canadian Press). Новинската агенција се повика на итните служби во заедницата Бела Кула (Bella Coola), околу 700 километри северозападно од Ванкувер.

– Болничарите им пружија итна медицинска помош на четворица пациенти и ги пренесоа во болница, изјави портпаролот на службите за итно спасување за агенцијата. „Двајца пациенти беа во критична состојба, а двајца во сериозна состојба“, додаде тој.

Возраста на жртвите не е прецизирана, но според извештаите, меѓу нив имало и деца. Спасувачите соопштија дека инцидентот се случил на пешачка патека во близина на автопат.

Една мајка за Канадиен прес изјави дека нејзиниот 10-годишен син одел со соучениците и наставниците кога мечката ја нападнала групата. Животното му се доближило толку блиску што можел да го почувствува неговото крзно. Според неа, мечката го бркала нејзиното дете, но потоа нападнала некој друг.

Локалната власт на домородниот народ Нуксалк во Бела Кула ги повика луѓето да останат во затворени простории, ако е можно, и да патуваат со автомобил кога е неопходно. Се вели дека агресивната мечка сè уште е на слобода во областа и ги предупреди жителите да не „одат да ја бараат“.

Училиштето, исто така, најави дека денеска ќе остане затворено поради инцидентот.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Научна студија: Движењето на магма под морското дно ја предизвикало интензивна сеизмичка активност кај грчкиот остров Санторини

Следно

Видео: Кејт Хадсон во провокативно, но елегантно сино издание на црвениот тепих

Latest from Blog

Шефот на НАТО ги плаши младите Руси: „АКО СЕ ПРИЈАВИТЕ ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА – ВЕ ЧЕКА СМРТ“

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес ги предупреди младите Руси дека веројатно ќе умрат ако учествуваат во војната во Украина. „Ви испраќаат лоша понуда. Нема да бидете обучени, опремата што ќе

Делегација на Собранието учествува на Глобалната конференција на жени пратенички на ИПУ во Белград

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во состав: Драган Недељковиќ, Даниела Николова, Арбана Пашоли и Калтрина Беќири учествува на Глобалната конференција на жени пратенички на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што се одржува

Божиновска за МТВ: Македонија ќе стане клучна транзитна точка за природен гас во регионот

Изградбата на гасните интерконектори со Грција и Србија се одвива според планираната динамика, а Македонија во следните години има потенцијал да стане важна транзитна точка за снабдување со природен гас во регионот,

Рубио: ВОЕНАТА ОПЕРАЦИЈА НА АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА во Иран „Епски бес“ заврши

Воената операција на американската војска во Иран, наречена „Операција Епски бес“, заврши, изјави денес американскиот државен секретар Марко Рубио. Зборувајќи пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, Рубио реагираше на размената
Go toTop