ВИДЕО: Итен повик за евакуација – Шест села пеплосани во пожарите во Албанија, ситуацијата се уште тешка

August 13, 2025
1 min read

Ситуацијата со пожарите во Албанија и понатаму сериозна, посебно во подрачјето на Грамш и Делвина на југот на земјата, објави министерот за одбрана Пиро Венгу.

-Во овие две подрачја, во моментов, во борбата против пламените јазици дејствуваат пет хеликоптери, од нив три хеликоптери во Грамш, а два други во Делвина. Обемната операција за гаснење пожари продолжи без престан во текот на целата ноќ за да се ограничи периметарот на пламените јазици во близина на станбените области и националните паркови низ цела Албанија, напиша Венгу.

Додава дека „стотици локални припадници на службите за итни случаи и вооружените сили работат без престан во најжешките области Фуше Арез, Грамш, Тепелена, Дропул, Делвина и Финиќ“. Од синоќа голем пожар беснее и во општина Булќиза, на албанско-македонската граница, кај Дебар.

Според генералниот директор на Националната агенција за цивилна заштита, Хаки Чако, околу 10 илјади пожарникари, полициски службеници, припадници на армијата, доброволци се вклучени во гаснење на пожарите низ целата земја.

Како што пренесуваат медиумите во подрачјето на Грамш, 6 села се целосно изгорени, едно е зафатено од пламените јазици, а уште едно е многу блиску и постои опасност и тоа да биде зафатено. Министерството за одбрана на Албанија пред еден час информира дека поради брзо ширење на пожарите во Грмаш и Делвина, наредена е итна евакуација на населението на безбедно место.

-Тешка ноќ помина во градот Делвина, каде што голем пожар им се закануваше на жителите и локалната инфраструктура. Борбата со пламените јазици беше херојска, со учество на противпожарни сили од јужните општини, екипи од Тирана, армиски сили и локални жители, кои овозможија гаснење на пожарот во близина на градот, наведува Топ чанел.

Поради опасноста од пожарот да ја зафати и болницата, во текот на ноќта евакуирани се пациентите и се сместени во Кино-театарот во градот а дислоцирани биле и боците со кислород. Од загрозените делови на градот биле евакуирани жените, децата и старите лица, додека мажите останале и учествувале во локализирање на пожарот.

Во текот на ноќта, поради чадот и условите создадени од пламенот, 10 лица, меѓу кои и четири војници, добиле медицинска помош поради задушување во просториите на Кино театарот, каде што привремено е сместена службата за итна помош.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Руските дневни загуби во војната изнесуваат околу 1.000 војници

Следно

Средба Ѓорѓиевски-Саити: Продлабочување на соработката со посебен акцент на грижата и поддршката на бездомните лица

Latest from Blog

ИТАЛИЈА ГО СУСПЕНДИРАШЕ ШЕНГЕН СИСТЕМОТ НА СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ СО ШПАНИЈА

Италијанската влада ја суспендираше примената на Шенгенскиот режим на слободно движење во односите со Шпанија, објави италијанското Министерство за внатрешни работи. Одлуката е донесена како одговор на масовниот влез на мигранти во

Нема укинување на вториот пензиски столб

Нема најава за укинување на вториот пензиски столб, уверува премиерот Христијан Мицкоски, откако во јавноста се појавија низа прашања по најавите дека започнале сеопфатни анализи на пензискиот систем и ризиците со вториот

Чешка има нов селектор

Репрезентацијата на Чешка, по слабиот настап на годинешниот Мундијал, реши да постави нов селектор. Чесите за прв пат во историјата ќе имаат странец на кормилото на фудбалската репрезентација. Се работи за шпанскиот

Најмалку 34 загинати во експлозија на метан во рудник во Пакистан (ВИДЕО)

Спасувачките операции се во тек за пронаоѓање и извлекување на уште двајца рудари кои беа заробени под земја, изјави Мухамед Фахад, директор за операции на покраинската управа за управување со катастрофи. Покраинскиот
Go toTop