Средба Ѓорѓиевски-Саити: Продлабочување на соработката со посебен акцент на грижата и поддршката на бездомните лица

August 13, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски оствари средба со генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити.

-Разговаравме за продлабочување на соработката со градот Скопје, со посебен акцент на грижата и поддршката на бездомните лица. Хуманоста е мерка на зрелоста на едно општество. Верувам дека заедно, преку конкретни активности, можеме да обезбедиме подобри услови за сите. Секој од нас има обврска да подаде рака на оној што има најмалку, бидејќи вистинската сила на заедницата се гледа во моментите кога се грижиме за најранливите, вели Ѓорѓиевски.

Тој посочува дека Скопје е наш заеднички дом, а вистинскиот дом е оној во кој има место, грижа и љубов за сите.

-Да изградиме Скопје во кое солидарноста ќе биде најголемата вредност, а хуманоста – наш заеднички јазик, додава Ѓорѓиевски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Итен повик за евакуација – Шест села пеплосани во пожарите во Албанија, ситуацијата се уште тешка

Следно

Загубите на ЈКП „Никола Карев“ од Пробиштип двојно зголемени – барања за отчет од локалната власт

Latest from Blog

Пјонгјанг повторно лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море

Како што пренесе новинската агенција Кјодо, проектилот паднал надвор од ексклузивната економска зона на Јапонија, а не се пријавени штети на објекти ниту повредени лица. Ова последно лансирање на проектил уследи откако

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки
Go toTop