ВИДЕО: Интер ја потврди разделбата со Инзаги

June 3, 2025
1 min read

Европскиот вицешампион Интер ја потврди вечерва разделбата со својот тренер Симоне Инзаги, само неколку часови откако веста претходно ја најавија дел од италијанските медиуми.

„Би сакал да му се заблагодарам на Симоне Инзаги за сработеното, за покажаната страст и за искреноста во денешната дискусија, што доведе до заедничка одлука за разделба“, изјави претседателот на Интер, Џузепе Марота.

Интер имаше лош крај на сезоната откако го загуби финалето на Лигата на шампионите, заврши втор во Серија А и беше елиминиран во полуфиналето на Купот на Италија.

„Дојде време да се збогувам со овој клуб по четиригодишно патување во кое дадов сè од себе“, порача во посебна изјава Инзаги, кој со Интер освои една титула во Серија А, два Купа на Италија и три Суперкупа на Италија.

Италијанските медиуми објавија дека Инзаги ќе му се приклучи на Ал-Хилал од Саудиска Арабија и ќе го предводи тимот на Светското клупско првенство на кое, исто така, ќе настапи Интер.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вреди го промовираше Централниот изборен штаб, Аднан Азизи избран за шеф

Следно

Советниците во Град Скопје не и дадоа можност на градоначалничка Данела Арсовска да ги образложи наводите за дивоградбите во Чаир

Latest from Blog

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска

Македонска технологија во светската елита: „Грин Машинс“ БРАКО го привлече вниманието на најголемиот саем во Германија

Македонската компанија БРАКО и брендот Green Machines деновиве се претставуваат на еден од најголемите светски саеми за еколошки технологии и урбана инфраструктура – IFAT Munich во Минхен. На престижниот меѓународен настан, кој

Македонскиот „Грин Машинс“ меѓу светската елита на ИФАТ во Минхен

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, привлекоа големо внимание на престижниот светски саем ИФАТ во Минхен — еден од најзначајните меѓународни настани посветени на
Go toTop