(ВИДЕО) Хил: Врската на Србија со Русија од ден на ден слабее

February 1, 2023
1 min read

Србија веќе одлучи да се сврти кон Западот и за многу Срби е фрустрирачки што процесот за европската интеграција трае толку долго. Се надевам дека резултатот од сето ова ќе биде многу подобро, побрзо темпо кон евроинтеграциите, вели Хил

Американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил изјави дека врската меѓу Србија и Русија од ден на ден слабее и дека истовремено се зголемува интересот за соработка со ЕУ и поголем интерес за соработка со САД.

„Прашањето за односите на Србија со Русија – можете да видите дека од ден на ден слабее. Се гледа дека има се поголем интерес за соработка со ЕУ и поголем интерес за соработка со нас“,

вели Хил.

Хил за телевизијата Н1 изјави дека ставот на САД е Србија да се приклучи на санкциите против Русија, наведувајќи дека не е точно оти Белград ништо не направил, бидејќи во Обединетите нации ја осудува руската агресија врз Украина.

Запрашан дали позицијата на Белград во преговорите со Приштина е послаба бидејќи не воведе санкции кон Русија, Хил рече дека тоа се посебни прашања.

Тој изјави дека „конструктивниот пристап“ на Белград кон европскиот план за нормализација на односите со Приштина на крајот ќе влијае на брзината со која Србија се приближува кон Западот.

„Србија веќе одлучи да се сврти кон Западот и за многу Срби е фрустрирачки што процесот за европската интеграција трае толку долго. Се надевам дека резултатот од сето ова ќе биде многу подобро, побрзо темпо кон евроинтеграциите“,

рече Хил.

На прашањето зошто европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е таен, Хил рече дека „не би го нарекол тајна, туку нешто што спаѓа во традиционалните дипломатски канали“.

„Ако се обидете да направите дипломатија преку медиумите, ќе има многу недоразбирања“,

рече Хил.

На прашањето дали српскиот претседател Александар Вучиќ би ја „префрлил линијата“ доколку ја открие содржината на предлогот на специјалната седница на српскиот парламент за Косово на 2 февруари, Хил рече дека тоа е „хипотетичко прашање“ и додаде дека „голема дебата во парламентот е потребно“.

„Сметам дека е соодветно планот да се расправа во парламентот, но оставам на другите да одлучат што треба да се открие, а што не“,

рече тој.

Хил не одговори директно на прашањето дали Вучиќ или косовскиот премиер Албин Курти повеќе соработуваат со Западот.

„Ако мислев дека одговорот на тоа прашање ќе помогне во преговарачкиот процес, би одговорил, но тоа ќе го оставам на вашата фантазија“,

рече Хил.

Тој посочи дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство е главното прашање за исполнување на Бриселскиот договор.

„Мислам дека има итна потреба сите да се согласат за тоа и да разберат дека штом прифатиш нешто, мора да продолжиш“,

рече Хил.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Стоилковски: СДСМ и удоволува на Бугарија, стражите на гробот на Делчев се резултат на револт на граѓаните кон владините политики и газење на црвените линии на Македонија

Следно

Русија планира нова офанзива за 24 февруари, изјави украинскиот министер за одбрана

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop