Стоилковски: СДСМ и удоволува на Бугарија, стражите на гробот на Делчев се резултат на револт на граѓаните кон владините политики и газење на црвените линии на Македонија

February 1, 2023
1 min read

Како може да се доведе прославата 151 година на раѓањето на Гоце Делчев за прв пат од 1946 година да биде безбедносно прашање од највисок степен? Што планира власта во однос на одбележувањето на 4ти февруари, праша Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното интервју во емисијата Анализа на ТВ 24.

Стоилковски посочи дека стражите на грбот на Гоце Делчев на 4 февруари во цркавата Св. Спас се резултат на револт од страна на граѓаните кон владата на СДСМ и институциите бидејќи прават се за да и удоволат на Бугарија, а со тоа ги газат црвените линии на Македонија.

Патриотските стражи се резултат на граѓанството, не е само на Патриотскиот институт, затоа што имаат недоверба кон институциите бидејќи институциите го погазија сето она кое што треба да значи државна институција во насока на заштита на правата и заштита на оваа држава, смета тој.

Сето тоа е само реакција на недовербата на граѓаните кон државата и не се само членови на ВМРО-ДПМНЕ тие кои што велат јас ќе одам да го бранам гробот на Гоце Делчев. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат присутни ќе положат почит мирно и достоинствено, знаејќи дека било какво предизвикување на инцидент е во корист само на СДСМ, ДУИ и Бугарија и оваа влада која што гледа што повеќе да и удоволи на Софија газејќи ги црвените линии за кои се гласаше во парламентот, дециден е Стоилковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ал Калифа реизбран за прв човек на фудбалот во Азија

Следно

(ВИДЕО) Хил: Врската на Србија со Русија од ден на ден слабее

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop