ВИДЕО: Белингем е херој, во 94. минута го „скрши“ Унион за стартна победа во ЛШ

September 21, 2023
1 min read

Фудбалерите на Реал Мадрид со победа тргнаа во новата сезона на Лигата на шампионите, откако со гол во 94. минута го совладаа Унион Берлин со 1-0. Иако германскиот колектив одигра храбар натпревар, беше целосно рамноправен на „Сантијаго Бернабеу“ и не дозволи фаворитот лесно да дојде до гол, на крајот падна концентрацијата и тоа го искористи Џуд Белингем.

Извештај од натпреварот:

Првото полувреме понуди прилично стабилна и цврста игра на двете страни. Унион Берлин беше одлично поставен и воопшто не делуваше како наивен тим. Германците не дозволија да ги понесе атмосферата на „Сантиаго Бернабеу“ и до паузата мрежите останаа да мируваат (0-0).

Во второто полувреме домашните навивачи очекуваа многу повеќе од своите миленици, но Реал имаше проблем со пронаоѓањето на вистинскиот модус за погодок. Долго „кралевите“ кружеа околу гостинскиот гол, но и Унион Берлин во одредени моменти покажуваше дека знае зошто е дојден во Мадрид. Реал имаше посед на топката, но Германците не дозволуваа премногу сериозни шанси пред својот гол. „Кралевите“ имаа над 20 обиди, но само четири одеа во рамките. Рака на срце, гостите од Берлин во последната третина повеќе се повлекоа и не мислеа премногу на спротивната страна. Имаше Унион два контра-напади, но без поголем успех.

Мадриѓаните на крајот притиснаа со сѐ што располагат. На крајот, се покажа дека среќата ги следи храбрите. По една мешаница пред голот на Унион по шут на Валверде, топката остана на петерецот, а одново херој на „кралевите“ беше Џуд Белингем кој погоди за победа во 94. минута од натпреварот.

Победоносниот гол на Белингем:

Реал Мадрид се радуваше на стартна победа во елитното друштво, а дебитантот ќе мора да почека на првиот бод.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ерменскиот тим од Карабах пристигна во градот Јевлах на разговори со азербејџанските власти

Следно

Границата ја дели половина метар широк канал: Чајот подготвен во Ирак се служи во Иран

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop