Ерменскиот тим од Карабах пристигна во градот Јевлах на разговори со азербејџанските власти

September 21, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Делегација на ерменското население на Карабах пристигна денес во градот Јевлах на средба со азербејџанските власти, јавува Анадолу.

Ерменските претставници се придружувани од руските мировници, објави азербејџанската државна новинска агенција „Тренд“.

Азербејџан во вторникот соопшти дека започнал антитерористички мерки во Карабах за да ги поддржи одредбите наведени во трилатералниот мировен договор со Русија и Ерменија за ставање крај на конфликтот во 2020 година.

Во средата наутро, азербејџанското Министерство за одбрана соопшти дека одлучило да ги запре операциите според договорот постигнат со командата на рускиот мировен контингент.

Тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија започнаа во 1991 година кога ерменската војска го окупира Карабах, територија меѓународно призната како дел од Азербејџан, и уште седум соседни региони.

Есента 2020 година Азербејџан ослободи неколку градови, села и населби од ерменската окупација во текот на 44-дневните судири. Војната заврши со прекин на огнот со посредство на Русија.

Тензиите меѓу двете земји, сепак, продолжија и покрај тековните разговори за долгорочен мировен договор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи пред Советот за безбедност на ОН: Постои закана и самиот мултилатерализам да стане жртва на руската агресија

Следно

ВИДЕО: Белингем е херој, во 94. минута го „скрши“ Унион за стартна победа во ЛШ

Latest from Blog

Група студенти седум часа силувале своја колешка- скандал на елитен универзитет во САД (ФОТО)

Како што е сега познато, истрагата потоа била прекината. Сепак, обвинителството сега повторно го отвори случајот. На 8 ноември 2024 година, тогаш 20-годишната студентка се појавила во полициската станица на универзитетот и

Шок во Белград: Мајк Џејмс во солзи ја напушти арената на носилки (Видео)

Шокантни сцени во Белград. Една од најголемите ѕвезди на Евролигата, Мајк Џејмс, се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Анадолу Ефес. Американскиот кошаркар се повреди во третата четвртина,

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,
Go toTop