Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на данското претседателство

July 14, 2025
1 min read

Проширувањето на ЕУ ќе биде еден од главните приоритети на данското претседавање со ЕУ вели амбасадорката на Данска во земјата Перниле Деилер Кардел.

Македонија само треба да го исполни она што и е задача а ЕУ затоа е овде да помогне порача амбасадорката на собраниските седници на националниот совет за евроинтеграции и за европски прашања.

Власта пак се пофали дека во Извештајот на Греко Македонија нотира напредок во борбата со корупцијата но и со критика до ЕУ дека е на добар пат да го изгуби својот кредибилитет доколку дозволи билатералните прашања кои ги наметнува една земја членка да бидат главен предуслов за пропширувањето. И апелираа копенхашките критериуми да бидат главен приоритет на не билатералните прашања.

Опозицијата пак со прашање до претставниците на ЕУ дали се уште сметаат дека Македонија е земја со српско или неевропско влијание како што беше нотирано во последниот извештај.

Последниот извештај за Македонија во ЕП во кој беше тргнат македонскиот јазик ја зовре и македонската политичка сцена откако опозицијата обвинуваше дека тоа е резултат на лошата владина дипломатија а пак власта прстот го впери во досегашните политики на претходната влада.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожарите предизвикаа судир меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, дали се намерни, или последица на високите температури?

Следно

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop