(ВИДЕО) Автомобил удри во пет лица на паркинг во близина на Загреб, тројца од нив се со тешки повреди

June 17, 2023
1 min read

На автомобилски собир на паркинг во близина на Загреб, 23-годишен возач со своето возило „Мерцедес“ поради несоодветна брзина околу 22 часот синоќа, налетал на пешаците кои биле собрани на паркинг а потоа се судрил и со друг автомобил. Според информациите, три лица се потешко повредени, а еден од нив се бори за живот.

Полицијата во Загреб започна кривична истрага за возачот, а од таму соопштија дека во сообраќајната несреќа најтешко се повредени трите лица кои возачот ги „собрал“ на паркингот. Со полесни повреди завршиле лицата кои се наоѓале во друг автомобил кој исто така бил удрен од мерцедесот. Според изјавите на очевидците, возачот на мерцедесот дивеел со автомобилот на паркингот низ текот на целата вечер, а полицијата допрва ќе утврди дали возачот бил под дејство на алкохол или други недозволени супстанци

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нагелсман покажа дека не е сѐ во парите – ги одби милионите на Арапите!

Следно

Уганда: 25 ученици убиени во терористички напад на училиште

Latest from Blog

„Опасниот момак“ од филмовите на Тарантино: Улогите по кои ќе го паметиме Мајкл Мадсен

Мајкл Мадсен, познатиот американски актер најпознат по своите улоги во филмовите на Квентин Тарантино, почина на 68-годишна возраст поради срцев удар. Смртта на актерот ја потврди неговиот менаџер Рон Смит, а Мадсен

Сиљановска Давкова: Никаде не пишува до кога мора да се направат уставните измени

Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден. Ништо не губи никој, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека во преговарачката рамка не

Во првото коло се елиминирани 13 носители

Нова историја е испишана на традиционалниот тениски гранслем-турнир Вимблдон, откако рекордни 13 од 32 носители на турнирот во машка конкуренција се елиминирани во првото коло. Со тоа е израмнет рекордот на гранслем-турнирите
Go toTop