Уганда: 25 ученици убиени во терористички напад на училиште

June 17, 2023
1 min read

КАМПАЛА (АА) – Терористи вчеравечер нападнаа средно училиште во округот Касесе во западна Уганда, при што се убиени 25 ученици, а 8 се потешко ранети, објави полицијата, известува Анадолу.

Портпаролот на полицијата Фред Енанга изјави дека бунтовниците на Сојузничките демократски сили (АДФ), откако ги убиле учениците, го ограбиле училиштето и ги запалиле спалните соби.

„Синоќа бунтовниците на АДФ го нападнаа средното училиште Лхубирира во Општината Мпондве, што се наоѓа на околу 2 километри од границата со ДР Конго. Досега 25 тела се извлечени од училиштето и префрлени се во болницата Бвера“, изјави портпаролот, додавајќи дека во болницата се префрлени и 8 повредени ученици.

Бунтовниците избегале кон Националниот парк „Вирунга“ во ДР Конго, каде што ги гонат угандската војска и полицијата.

Бунтовниците на АДФ потекнуваат од западна Уганда, каде се организирале во доцните 1990 година со цел да го соборат од власта претседателот Јовери Мусевени, но беа совладани од војската на Уганда. Избегаа во шумите на истокот од ДР Конго, од каде што често ги напаѓаат селата и ги убиваат невините цивили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Автомобил удри во пет лица на паркинг во близина на Загреб, тројца од нив се со тешки повреди

Следно

Во вакви околности Белград не гледа како би можел да продолжи дијалогот со Приштина, вели Петковиќ

Latest from Blog

Божиновска: Младите инженери се потенцијал за напредок на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска се сретна со годинешните добитници на престижното признание „Инженерски прстен“, при што разговарала со младите инженери за нивните идеи, проекти, интереси и визии

СВЕТОТ ВО ДЛАБОКА НЕИЗВЕСНОСТ – Започнува 81-то Генерално собрание на ОН

Во седиштето на ОН во Њујорк започнува 81-та сесија на Генералното собрание, каде што околу 130 шефови на држави и влади ќе дискутираат за глобалните предизвици под мотото „Обнова на довербата, управување

Божиновска: СДСМ, покажете го доказот или повлечете ги лагите – политичката борба не е лиценца за клеветење

Категорично ги отфрлам и ги демантирам лагите и тенденциозните конструкции што СДСМ ги изнесе на прес-конференцијата на 20 септември 2026 година, со кои без ниту еден доказ се прави обид да се
Go toTop