Вечерва во 360°: Недвижниот имот на Мијалков конфискуван во „Империја“ вреди двојно помалку од првично соопштеното

February 20, 2023
1 min read

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (20 февруари 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат

Во ова издание:

– Недвижниот имот на Сашо Мијалков конфискуван во предметот „Империја“ вреди 15 милиони евра, а не 30 милиони, како што првично соопшти обвинителството; Ова може дополнително да влијае на довербата на граѓаните во судството и обвинителството – коментираат од „Сите за правично судење“;

– Во струшко Лабуништа го побаравме здружението на Бугари „Шемето“: Кога има Македонци со српска самосвест или Албанци со американска самосвест, не е чудно да има и Албанци со бугарска самосвест – вели претседателот на здружението, Бекир Кадриевски;

– Слика од Скопје 2023: Вработен во подземната гаража „Кресненско востание“ патува со велосипед од куќичката за наплата до влезот за рачно да ги отвора/затвора рампите зашто системот не ги препознава месечните карти;

– „Саботажа“.

Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ФЗОСРМ: Почна исплатата на платите на здравствените работници

Следно

Шведската воена разузнавачка служба тврди дека се засилува руската воена закана

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop