Шведската воена разузнавачка служба тврди дека се засилува руската воена закана

1 min read

Шведската воена разузнавачка и безбедносна служба (MUST) тврди дека Русија претставува јасна воена закана за нивната земја.

-Европскиот безбедносен поредок каков што го знаеме престана да постои… и со тоа се зголемија и ризиците за шведската безбедност, изјави Лена Халин, шеф на MUST на прес-конференција.

По почетокот на руската инвазија врз Украина, Шведска поднесе барање за членство во НАТО, но процесот за влез во Алијансата го спречуваат Унгарија и Турција.

Халин додаде дека очекува Русија, кога ќе може, да ги зајакне своите воени капацитети во близина на Шведска како одговор на кандидатурата на оваа нордиска земја за приклучување кон НАТО.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Вечерва во 360°: Недвижниот имот на Мијалков конфискуван во „Империја“ вреди двојно помалку од првично соопштеното

Следно

Бакраческа: Наместо исполнување на ветувањата од власта досега има менување на министри, највисока инфлација и катастрофален стандард

Latest from Blog