Вечерва во 360°: Надзор над „Бехтел и Енка“ – како двајцата вработени од годишната сметка, станаа 32-ца „перманентно вработени“ во договорот со ЈПДП

March 27, 2023
1 min read

Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (27 март 2023 г.) од 22:20 часот на ТВ Алсат

Во ова издание:

– Дали конзорциумот предводен од „ИРД инженеринг“ со лажни податоци победил на тендерот за надзор на автопатите на „Бехтел и Енка“: За „Електра солушнс“ навеле дека има 32-ца „перманентно вработени“, а таа лани, според годишната сметка, во просек имала двајца вработени;

– Десетици експерти од конзорциумот на „ИРД инженеринг“ се веќе ангажирани на тековни надзори и за нив е потпишана гаранција дека ќе бидат на целосно располагање на тие проекти, ослободени од сите други обврски; Како тогаш ќе бидат надзор и над „Бехтел и Енка“;

– Има ли МВР капацитет да ги замени сите документи до февруари в година согласно Преспанскиот договор: Од Министерството велат дека ќе работат и во втора и трета смена, а ако треба и за викенди и празници;

– Кога Македонија е Запад за некого: Сторија за стотината студенти од Пакистан и Таџикистан на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово;

– „Саботажа“.

Емисијата се емитува од 22:20 часот на ТВ Алсат.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски ги посети украинските војници и се сретна со Гроси во Запорожје

Следно

Унгарскиот парламент го ратификуваше пристапот на Финска во НАТО

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop