Вархеји на средба со Лајчак: Напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучен за нивниот европски пат

January 10, 2023
1 min read

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, пак, порача дека имал корисен разговор со Вархеји за поширокиот регионален контекст, како и за напорите на ЕУ за 2023 година

Напредокот во дијалогот меѓу Србија и Косово е клучен за нивниот европски пат, напиша на Твитер еврокомесарот за проширување Оливер Врхеји по средбата со специјалниот пратеник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

„Придвижувањето напред во дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучно за напредокот на нивниот европски пат. Годината започна со средба со специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, со кого разговаравме за патот напред“,

напиша Вархеји на Твитер.

На Твитер се огласи и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, кој порача дека имал корисен разговор со Вархеји за поширокиот регионален контекст, како и за напорите на ЕУ за 2023 година.

„Мило ми е што денеска се сретнав со комесарот Оливер Вархеји. Беше корисно да се разговара за дијалогот во поширок регионален контекст и европските напори за 2023 година“,

напиша Лајчак.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скалони за Меси: Не му требаше победа на Светското првенство за да се смета за најголем

Следно

РЕКОРД: Во 2022 година во Антверпен запленети околу 110 тони кокаин

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop