РЕКОРД: Во 2022 година во Антверпен запленети околу 110 тони кокаин

January 10, 2023
1 min read

Во 2022 година белгиските власти заплениле речиси 110 тони кокаин во пристаништето Антверпен, првото пристаниште за влез во Европа за дрогата од Латинска Америка, соопшти денеска белгиската царина.

Првпат е надминат прагот од 100 тони.

Минатата година биле запленети точно 109,9 тони кокаин, наспроти 89,5 тони во 2021 година, соопшти царината.

Во холандското пристаниште Ротердам, уште еден сообраќаен јазол на европскиот континент, во 2022 година биле запленети 52,5 тони кокаин, а претходната година околу 70 тони.

Белгија и Холандија одлучија за првпат заеднички да објават годишен извештај за заплените на кокаин.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вархеји на средба со Лајчак: Напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучен за нивниот европски пат

Следно

ФОТО: Камион се заби во патарина пред Куманово

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop