Утре масовни протести на студентите пред Министерството за образование

February 4, 2024
1 min read

Студентите утре на масовни протести пред Министерството за образование и наука.

Студентски отпор најави дека ќе им се приклучи на Универзитетското собрание (УСС) УКИМ во 14 часот.

-Само обединети и заедно можеме да се избориме за нашите студентски права. Колеги, се гледаме во понеделник од 14:00 пред МОН. Понесете со вас пароли, свирчиња и многу енергија. Време е да го слушнат студентскиот крик!, велат од Студентски отпор.

Претходно, кажаа дека и покрај најавите на МОН дека стипендиите за месец октомври и останатите ќе бидат исплатени на 1 февруари како краен рок, сепак трансакциските сметки на студентите останале празни.

-Средства кои денес ги немаме, а сме приморани да ги користиме за покривање на трошоците за запишување на семестар и останати тековни трошоци за студирање. Исто така веќе две години го пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со субстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе се започне реконструкцијата во најбрз можен рок, стои во повикот на Студентски отпор.

УСС УКИМ во петокот го најавија протестот под мотото „Студентите обединети“.

-Револтирани и обесправени студенти, време е да ги кренеме своите гласови и обединето да излеземе против неправдите врз нас и против неефикасното работење на Министерството за образование! Универзитетското студентско собрание на УКИМ, ве повикува вам, останатите Универзитетски собранија и сите останати студентски организации, да ни се придружите и достоинствено да излеземе на протест каде ќе ги искажеме горливите маки. Проблемите се многу. Сплотени, ние сме уште повеќе, напишаа од УСС УКИМ.

Засега, нема официјална информација дали на овој протест од 14 часот ќе дојде и организацијата Студентска револуција, кои својот протест пред МОН го најавија од 12 часот. И тие рекоа дека излегуваат оти нема ниту една исплатена рата од студентските стипендии за учебната 2023/2024 година од МОН.

-Според досегашното искуство и според следењето на целиот процес поврзан со поднесените апликации за стипендија, имаме легитимна причина да веруваме дека апликациите се уште се непроверени и очекуваме понатамошно одолговлекување на процесот. Затоа, како студенти го упатуваме овој предупредувачки апел до министерот и сите надлежни за спроведување на програмата на владата – да не си поигруваат со трпението на студентите, бидејќи доколку институционалниот пат ни е попречен и ние сме обесправени, правдата ќе ја бараме на улица, преку масовни протести, соопштија од Студентска револуција.

Извор: skopskoeho.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трендафилов: Веќе е донесена одлука за штрајк за платите во ФЗО

Следно

Колку километри возиш по град, толку плаќаш

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop