Уште една награда и нови фестивалски учества за „Љубовната соба“ на Диневска

September 18, 2024
1 min read

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневски беше дел од официјална селекција и е избран за најдобар документарен филм на неодамнешниот филмски фестивал Сербест | SIFF | што се одржа од 5-10 септември, 2024, во Кишинев, Република Молдавија. Во овогодинешната натпреварувачка програма беа вклучени филмови од 42 земји на многу талентирани режисери од целиот свет, особено зашто главната мисија на фестивалот Сербест (SIFF) е да го промени начинот на кој луѓето го гледаат светот преку филмот.

„Љубовната соба“ имаше проекција на 10-ти септември и е победник во категоријата за најдобар документарен филм. Ова е втора награда на „Љубовната соба“ за најдобар документарен филм. Пред тоа, на Меѓународниот документарен филмски фестивал Genesis, што се одржа во Пекинг, НР Кина во мај 2024, на „Љубовната соба“ и беше доделена награда за најдобар документарен филм во категоријата “еден ден во животот”. Инаку, досега долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ е селектиран за учество во официјална категорија на над 20 меѓународни филмски фестивали со бројни номинации и освоени две награди за најдобар документарен филм.

Во текот на септември и октомври, филмот е во официјална селекција и на 19-от Меѓународен фестивал за човекови права (The International Human Rights Film Festival in Albania-IHRFFA), што се одржува во Тирана, Албанија, од 16 до 21 септември. Проекцијата на „Љубовната соба“ е закажана за 19 септември. Натаму, од 3 до 10 октомври, филмот е селeктиран во официјална селекција на филмскиот фестивал АPOX во Вели Лошињ, во Хрватска, а истовремено од 1 до 7 октомври е селектиран во Осмото издание на Меѓународниот фестивал на документарни филмови ,,ДокуБаку“ во Баку, Азербејџан во организација на Министерството за култура и Агенцијата за филм на Азербејџан. Филмот е номиниран во категоријата за најдобар документарен филм, меѓу 72 избрани филмови од 42 земји. Свеченото отворање е закажано на 2-ри октомври во центарот Хејдар Алиев, во едно од најмонументалните изданија – дело на реномирината архитектка Заха Хадид. Режисерката Сузана Диневски ќе биде присутна во Тирана и Баку лично да го презентира филмот на фестивалската публика.

Инаку, филмот раскажува две паралелни интимни љубовни приказни во кој главни протагонисти се двете млади жени чии сопрузи се на отслужување на затворска казна во КПД Идризово. Филмот го прикажува социјалниот портрет на двете семејства низ призма на интимниот свет од брачните посети во најозлогласениот затвор во Северна Македонија – Идризово, и ефектите што тој ги има врз семејството и нивното непосредно опкружување.

„Љубовната соба“ кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, е во режија на Сузана Диневски, која е и продуцент (Сузи Кју продукција), извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со Аворд филм и видео. Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, менаџер на филм е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски, и тонски дизајнер е Игор Поповски. 

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Група тинејџери нападнале врсник во Скопје, момчето избодено со нож

Следно

Најмногу дожд изминатото деноноќие во Крушево, а еве во кои делови од Македонија е најстудено

Latest from Blog

Костадинов се јави, повторно: Не, јас не одам како кандидат, јас се повлекувам во тишина

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук објави дека нема да се кандидира на претстојните локални избори, и покрај, како што вели, убедливо водство на сите

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Делегацијата на Европската Унија во Босна и Херцеговина остро ги осуди плановите на властите во Република Српска (РС) за формирање резервен состав на ентитетската полиција, предупредувајќи дека таквиот потег води кон ескалација

Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски. Костадинов пишува дека нема

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Пет играчи на Манчестер Јунајтед добија информација од клубот да не доаѓаат на почетокот на подготовките во понеделник. На листата се наоѓаат: Алехандро Гарначо, Маркус Рашфорд, Антони, Џејдон Санчо и Тајрел Маласиа.

„One stop“ и на граничниот премин „Табановце“ – Дачиќ скептик за технологијата, Тошковски уверен: Ќе го намали чекањето

Едниот пристигна со хеликоптер од Белград, другиот со полициска придружба од Скопје. Средбата се одржа на најфреквентната точка од Коридорот 10. Додека министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот српски колега
Go toTop