Костадинов нема да се кандидира како независен во Струмица

July 4, 2025
1 min read

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадинов нема да се кандидира како независен кандидат за Струмица, откако лидерот на СДСМ Венко Филипче објави дела партијата ќе застане зад Марјан Даскаловски.

Костадинов пишува дека нема намера да биде алиби за поразот на СДСМ во Струмица.

– Некогаш, за да си ги видиш луѓето околу себе, не треба повеќе од една реченица. Толку е доволно да го прочиташ пулсот. Да видиш кој што мисли, кој мисли како тебе, кој не мисли воопшто. Да видиш која е вистинската состојба на партијата – има ли таму уште искрени луѓе или само спакувани кариери со фолија за замрзнување.Кога споменав можност за независна кандидатура – без воопшто да одлучам – мислев дека ќе треба барем две недели за да се охрабрат и најголемите глумци да го покажат лицето. Не. Не им требаа две недели. Им требаа помалку од 24 часа. Секоја чест на исклучоците – на вистинските другари, чесните, лојалните, тие што навистина сакаат СДСМ да си го врати достоинството. А раководството? Раководството си донесе одлука – и покрај мое убедливо водство на сите анкети. Но, во обид да го убијат разумот, почнаа да пуштаат анкети на Facebook – со лајкови по групи – затоа што веќе не веруваат ни во анкетите што самите ги платиле. Епа, жално. Со такво раководство, многу е и една општина да се победи. Не, јас не одам како кандидат. Јас се повлекувам во тишина, за да создадам нова визија за СДСМ – партија со авторитет, со план, со луѓе кои разбираат стратегија и знаат дека партијата е жив организам, а не штаб за оговарање. И да не се лажеме – не сум политички наивен. Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз. Брзо го загризаа тој наратив, но уште побрзо ќе го голтнат поразот. Мојата стратегија ќе биде јасна – и ќе биде поделена во два дела: Првиот – во септември, вториот – по завршување на локалните избори. До тогаш, правете си анкети по Фејсбук групи. Дури и тоа нека помогне да се победи барем во една општина. Јас ќе останам член со замрзнат статус – додека не ги видам резултатите. После – ќе видиме некои други ќе мораат назад. На првиот тест – паднавте. Во октомври – играјте повнимателно. Народот не е повеќе глупав. – пишува Костадинов.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чистка во Манчестер Јунајтед, пет играчи заминуваат

Следно

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop