Уште 4 новинари се убиени во израелските напади врз Газа

June 5, 2025
1 min read

ГАЗА (АА) – Четворица новинари се убиени во напад на израелската Армија врз дворот на Баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, известува Анадолу.

Според информациите добиени од извор во здравствениот сектор кој побара да биде анонимен, израелската Армија го бомбардирала дворот на Баптистичката болница Ал-Ахли во градот Газа со беспилотни летала.

Во израелскиот напад се убиени четворица новинари, Самир ел-Руфаи, Сулејман Хуџаџ, Исмаил Бад и Ахмед Калџа. Има и неколку повредени новинари.

Израелската Армија, која врши брутални напади врз Појасот Газа, ги цели и цивилните подрачја, како што се болниците, училиштата и шаторите на раселените Палестинци.

Палестинците во Газа велат дека израелската Армија „намерно нишанела новинари за да ги заплаши, со цел на светот да не му ја пренесат вистината за она што се случува таму“.

Најмалку 54.607 Палестинци се убиени, а 125.341 повредени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Разговара ли ВРЕДИ со Тачи? Меџити: Главно со пратеници од Европскиот фронт, но не исклучувам никого

Следно

За првиот натпревар на Светското клупско првенство продадени помалку од 20.000 билети

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop