Разговара ли ВРЕДИ со Тачи? Меџити: Главно со пратеници од Европскиот фронт, но не исклучувам никого

June 5, 2025
1 min read

Вицепремиерот Изет Меџити и натаму вели дека постојат разговори со пратеници од Европскиот фронт за зајакнување на парламентарното мнозинство. Иако претходно се тврдеше дека разговорите се водат со претседателот на Алијанса за Албанците на Села, партиски извори велат дека нема ништо од тие разговори и дека тие остануваат во Европскиот фронт. Неофицијално извесно време се преговара со претседателот на ДПА Мендух Тачи да премине во мнозинството, но Меџити не сакаше да потврди.

Меџити: Има најави, се работи, значи се зголемува мнозинството.
-А со кого разговарате?
Меџити: Ќе видете известени, во принцип со пратеници од Европскиот фронт.
-Дали имате разговори со Тачи за преминување?
Меџити: Не исклучувам никој.

По заминувањето на Таравари од власта се наруши и Бадентеровото мнозинство кое сега зависи од ДУИ, а поради ова клучни закони чекаат на усвојување. Сепак Меџити вели дека не е проблем Бадентерот, но и покрај ваквото тврдење сепак тој го повика ДУИ да го поддржат Законот за Инспекторатот на јазиците а дека во иднина тој ќе премине во Агенцијата за јазиците.

„Ги повикувам ДУИ и опозицијата да го изгласа овој закон да го решиме проблемот со вработените да добиваат плати а во наредна фаза ќе работиме во насока Агенцијата за јазиците премине на исто ниво како Агенцијата за храна за да може после да го преземе Инспекторатот за јазиците“, вели Меџити.

Поради потребата од Бадентеровото мнозинство останува неизгласан Законот за инспекторатот на јазиците бидејќи ДУИ не сака да даде поддршка. Поради ова вработените во Инспекторатот веќе 5 месеци немаат земено плата.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кузеска за Кочани – Власта организирано ги штити виновниците

Следно

Уште 4 новинари се убиени во израелските напади врз Газа

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop