Украинските сили тврдат дека го ослободиле селото Роботин

August 28, 2023
1 min read

КИЕВ (АА) – Украинската заменик-министерка за одбрана, Ана Малјар, објави дека Украина го ослободила селото Роботин од руските сили на јужниот фронт, јавува Анадолу.

Соопштението за ситуацијата на фронтот е споделено на социјалните мрежи на Министерството за одбрана на Украина.

Малјар наведе дека украинската војска постигнала значителен успех на јужниот фронт.

„Роботинјаните се спасени и нашите војници напредуваат југоисточно од тоа населено место“, истакна Малјар.

Таа напомена дека украинската војска продолжува да напредува во правец на Бахмут на источниот фронт. Малјар додаде дека во правецот на Бахмут досега е ослободена површина од околу 44 квадратни километри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сончево и многу топло, температури до 38 степени

Следно

Русија тврди дека спречила украински напади со беспилотни летала

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop