Русија тврди дека спречила украински напади со беспилотни летала

August 28, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Министерството за одбрана на Русија соопшти дека се спречени украински напади со беспилотни летала на подрачјата на Москва и Брјанск, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството се наведува дека украинските сили во текот на ноќта се обиделе да ја нападнат руската територија со беспилотни летала.

Се додава дека руските сили со системот за противвоздушна одбрана собориле две беспилотни летала во воздушниот простор на Брјанската Област.

Во соопштението се истакнува и дека утринава околу 04:30 часот бил спречен обид на украинските сили за напад на Московската Област.

Се додава дека беспилотното летало е уништено во воздушниот простор на градот Љуберци.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјањин, на својот профил на социјалните мрежи објави дека нема загинати или предизвикана материјална штета по соборувањето на беспилотното летало што се движело во правец на Москва.

Аеродромите „Внуково“ и „Домодедово“ во Москва продолжиле со работа еден час по привремениот прекин на полетувањата и слетувањата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украинските сили тврдат дека го ослободиле селото Роботин

Следно

ВИДЕО: Како полицијата бркаше и фати криумчар на мигранти во Куманово

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop