Украина потврди дека почнала офанзивни акции, тврди дека има успех кај Бахмут

June 5, 2023
1 min read

Постигнуваме успех. Непријателот е во дефанзива, тврди заменик-министерката за одбрана на Украина

Украинските сили на фронтот на истокот на Украина / EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Украина потврди дека почнала офанзивни акции на делови од фронтот и тврди дека остварила напредок кај разрушениот град Бахмут на истокот од земјата.

„Дефанзивната операција вклучува контраофанзивни акции. Со оглед на тоа, во некои делови водиме офанзивни акции“,

наведе заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Малијар, преку социјалната мрежа Телеграм.

Бахмут таа го опиша како „епицентар на непријателствата“.

„Ние тука напредуваме на прилично голем фронт. Постигнуваме успех. Непријателот е во дефанзива“,

вели Малијар.

Пред ваквите изјави на украинската функционерка, Русија соопшти дека одбила голема офанзивна акција на истокот и на југот на Украина, како и дека им нанела тешки загуби на Украинците во луѓе и опрема.

Киев претходно со месеци најавува и се подготвува за голема контраофанзива чија цел е да ги потисне руските трупи од зоните кои ги окупираа на украинска територија. Сепак, украинските власти не сакаа да откриваат ништо за своите планови или датуми.

Еден од градовите каде се водеа најжестоките битки е Бахмут, за кој во мај годинава руската паравоена група Вагнер соопшти дека успеала да го заземе после најдолгите и најкрвавите битни во оваа војна. Потоа, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин потврди дека украинските сили успеале да повратат дел од тамошната територија, односно делови северно од Бахмут.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) На пат кон ЕУ: Ахмети за помирување, Шекеринска за разбирање на стравовите

Следно

По двојното убиство во Љубљана пронајден мртов маж, се претпоставува дека е сторителот

Latest from Blog

Rina Ajdari u përgjigjet deputetëve të VLEN-it

Deputetja dhe koordinatorja e grupit parlamentar të BDI-së, Rina Ajdari gjatë seancës së sotme të parlamentit u është përgjigjur deputetëve të VLEN-it dhe kryeparlamentarit Afrim Gashi, duke i akuzuar ato se kanë

Иран ја повика Германија и бара објаснување за американската воздушна база Рамштајн

Во меѓувреме, Иранската револуционерна гарда тврди дека успеала да оштети американски борбен авион Ф-35 за време на борбена мисија, објавува Ал Џезира. Иран бара појаснување од Германија. Амбасадорот на Иран во Германија,

Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во

Mакрадули: Партијата, државта не се простор за тивки климања со глава, туку за одговорни луѓе кои размислуваат, создаваат и придонесуваат

Случувањата деновиве во СДСМ, единствената партија во која се вградувам, како и ФБ меморијата ме вратија години наназад, во далечната 2013 година. (На сѐ уште најдобарата конвенција на СДСМ). Тогаш, по 24
Go toTop