(ФОТО+ВИДЕО) На пат кон ЕУ: Ахмети за помирување, Шекеринска за разбирање на стравовите

June 5, 2023
3 mins read

На панелот насловен „Европски фронт“, организиран по повод 21-годишнината од формирањето на ДУИ, лидерот на интегративците повика на „помирување на субјектите што носат одговорност за судбината на државата“, а ексвицепремиерката и министерка побара „разбирање за тие што се противат на уставните измени, бидејќи тие, всушност, не се против ЕУ, туку ги плаши помислата дека ќе има дополнителни барања за Македонија“

Влезното антре на хотелот „Александар палас“ во Скопје, украсено со цвеќе и зеленило, денеска потсетуваше повеќе на ботаничка градина отколку на место за прослава на годишнина на политичка партија. А беше поставен токму со таква цел – да асоцира на „зелената агенда“ што во 2021 година ја промовираше Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Влезот во хотелот „Александар Палас“

Со агенда која вклучуваше панел дискусија, а потоа и коктел требаше да се одбележи 21-годишнината од основањето на ДУИ. Паралелно, во Тетово имаше друга прослава, организирана од т.н „огнена група“ која речиси два месеца дејствува како фракција во партијата.

Малку пред пладне започнаа да доаѓаат гостите. Прв пристигна првиот вицепремиер Артан Груби, а по него лидерот Али Ахмети, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за економија Крешник Бектеши…

На настаните дојдоа и претставници на Алијанса за Албанците, како и учесници на панел-дискусијата – поранешната вицепремиерка и министерка Радмила Шекеринска, поранешниот дипломат Нано Ружин, аналитичарот Петар Арсовски, пратеничката Љатифе Шиковска, како и поранешната градоначалничка на Тетово и вицепремиерка Теута Арифи.

Прв на панелот насловен „Европски фронт“ се обрати домаќинот – претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Додека тој зборуваше, зад него наизменично се менуваше заднината со знамињата на Северна Македонија, Албанија, САД, ЕУ, НАТО и знамето на ДУИ.

Во својот говор, Ахмети се задржа на две клучни точки – интеграцијата на земјата во Европската Унија и помирување на субјектите што носат одговорност за судбината на државата. Говорејќи со огромна доза оптимизам, Ахмети порача дека нема кревање бело знаме во битката за влез на земјата во Унијата, па дури даде и прогноза дека Северна Македонија многу брзо ќе стане членка на ЕУ.

„Ако некогаш сме мислеле дека ќе ни требаат 10 години за членство во ЕУ, сега јас би рекол дека ние за 3-4 години ќе бидеме членка на ЕУ, бидејќи и политичките и геостратешките околности се сменија во полза на тоа овој пат да се забрза и да се скрати, но ние треба некои работи да направиме за да го помогнеме овој пат“,

рече Ахмети.

Тој порача дека Македонија е пример за земја што ги решава отворените прашања и испрати порака за помирување помеѓу граѓаните со тоа што интересите на државата и иднината на следните генерации ќе се стават на прво место.

„Тоа се историски и одлучувачки моменти, а настрана да бидат дневните политички интереси. Да не биде приоритет дали ќе ги добиеме наредните избори, туку приоритет да ни биде дали ќе ја постигнеме најголемата услуга за нашите граѓани со членството во Европската Унија“,

вели Ахмети.

Оптимист дека Македонија ќе стане дел од Унијата е и поранешната вицепремиерка за европска прашања и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска. Но, за разлика од Ахмети, таа смета дека овој процес е многу потежок за малите држави како Македонија, кои треба добро да знаат да ја толкуваат геополитичката ситуација.

„Кога големи држави прават стратешки грешки, тоа се грешки што имаат цена, но кога малите земји прават грешки, тоа е катастрофа. Сите анализи покажуваат дека ни претстои тешко лето, треба да знаеме каде сме. Според мене, фер е да ги поставиме отворено прашањата – дали вистински е возможно дека војната во Украина ја смени геополитичката карта, па сега има поголем апетит за проширување? Одговорот е – да“,

рече Шекеринска.

За уставните измени Шекеринска имаше различно мислење од своите соговорници. Додека другите ги „напаѓаа“ оние што се противат на уставни измени, поранешната министерка порача дека е потребно да се има разбирање за тие што се противат бидејќи тие, всушност, не се против Европската Унија, туку ги плаши помислата дека понатаму ќе има дополнителни барања за Македонија. Овој страв, според неа, не е нереален.

„Тезата дека нема алтернатива, не функционира. Знам дека не е добро пред консензус еден јас да одам спроти ветрот ама навистина сметам дека треба не само оваа сала туку многумина што се силно посветени на измените на Уставот, да го разберат и оној дел од граѓаните што денеска велат не. Да, главно се Македонци, но без разлика на етничката структура, тој број не е за потценување. Најголем дел од луѓето што денеска велат дека се против уставните измени, не се против ЕУ“,

вели Шекеринска.

И покрај одредени разлики, говорниците се согласија дека земјата се наоѓа на крстосница и дека треба да одбере во кој правец ќе се движи. Варијантата одново да се преговара за преговарачката рамка со ЕУ е речиси невозможна мисија, беше речено на панел-дискусијата.

Партијата ДУИ денеска во два града, на одделни прослави, славеше 21 години од формирањето. По повеќе од две децении постоење, партијата е во турбулентна фаза, а тоа најдобро ја отсликува денешната поделба – лидерот Ахмети, Груби, министрите во Владата славеа во Скопје, а Изет Меџити, Висар Ганиу, Муса Џафери, Блерим Беџети – во Тетово.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Бугарските пратениците утре ќе гласаат за влада на Денков и Габриел, мнозинството граѓани ја поддржуваат

Следно

Украина потврди дека почнала офанзивни акции, тврди дека има успех кај Бахмут

Latest from Blog

Португалците се нафрлија кон Роналдо: Тој е смешен, ужасен и само го забавува тимот!

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) Португалија одигра нерешено 1-1 со ДР Конго во првото коло од Светското првенство во 2026 година, а критиките од фановите стигнаа веднаш по последниот судиски свиреж. Најголемиот

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина. – Ова е прв пат откако претседателот

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3 проценти е најсилна потврда за успешните економски политики

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Димитриеска-Кочоска: Растот од над 3% на БДП е показател за напредок

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука
Go toTop