По двојното убиство во Љубљана пронајден мртов маж, се претпоставува дека е сторителот

June 5, 2023
1 min read

Според изјавите на мештаните кои ги познавале убиените, мотивот за денешното двојно убиство би можел да биле должнички спор. Полицијата сè уште не објави кој е мотивот

ФОТО: 24ur.com

По двојното убиство што се случи денеска во угостителски објект во Љубљана, Словенија, полицијата пронашла тело на уште еден маж. Според првичните сознанија, како што пренесуваат словенечките медиуми, се претпоставува дека станува збор за сторителот.

Убиството се случило околу 15 часот. Осомничениот избегал, а телото било пронајдено подоцна.

Полицијата веднаш го обезбеди местото на настанот и побара локалното население да ги следи упатствата и да не ја попречува работата на надлежните органи.

Засега не се познати официјални детали, но во јавноста веќе излегоа сведочења од лица кои ги познавале двете жртви. Сведоци за новинската агенција СТА посочиле дека жртвите седеле во угостителскиот објект кога сторителот им пришол. Од терасата тие се повлекле на детското игралиште каде напаѓачот наводно извадил пиштол и ги застрелал. Според изјавите на мештаните кои ги познавале убиените, мотивот за денешното двојно убиство би можел да биле должнички спор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина потврди дека почнала офанзивни акции, тврди дека има успех кај Бахмут

Следно

Саудијците преговараат со фудбалски ЅВЕЗДИ: Меси, Модриќ, Рамос, Бензема…

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop