Указите за отповикување амбасадори објавени поради истек на мандатот

November 12, 2024
1 min read

Указите објавени во Службен весник, донесени од претседателката Гордана Сиљановска Давкова, се дел од редовната законска постапка со која се утврдува завршувањето на мандатот по истекот на 4 години согласно член 44 од Законот за надворешни работи, соопшти претседателскиот Кабинет во врска со указите за отповикување на седум амбасадори.

-По објавувањето на указите, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ги известува амбасадорите за објавениот указ и се започнува постапка за нивно враќање во земјата, велат оттаму.

Како што може да се види од објавените укази, станува збор за повлекување на амбасадорите на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески, на Данчо Марковски од Албанија, на Фатон Бејта од Данска, на Сали Лимани од Казахстан и од Катар на амбасадорот Шабан Јашари. 

Отповикани се и амбасадорката Теута Агаи Демјаха, која е шефица на Постојната мисија на Северна Македонија во ОН во Женева и амбасадорката при Светата Столица во Ватикан, Марија Ефремова.

Согласно указите, мандатот на Талески во Постојаната делегација на Република Северна Македонија при НАТО, со седиште во Брисел престанува заклучно со 14 јануари, 2025 година, а на останатите амбасадори заклучно со 30 ноември, годинава. 

Указите стапуваат во сила со нивното објавување во Службен весник, а ќе ги изврши министерот за надворешни работи и надворешна трговија. 

Пред малку на прес-конференција, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски рече дека на седумте отповикани амбасадори им завршува мандатот и оти станува збор за редовна процедура при завршување мандат на амбасадори, согласно Законот за надворешни работи. Информира и дека во моментов тече процес на консултации помеѓу претседателката, премиерот и него, и оти наскоро очекува да почне со процес на именување на нови амбасадори. 

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пронајдени дрога, оружје, пари и мобилни телефони при претрес во Скопје

Следно

Француската амбасада во Скопје: Дејствуваме против криумчарењето мигранти на Балканот

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop