Пронајдени дрога, оружје, пари и мобилни телефони при претрес во Скопје

November 12, 2024
1 min read

Полициски службеници вчера извршиле претрес во домот на Б.Ј.(39) во Скопје, при што биле пронајдени 30 банкноти во апоени од по 20 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражба на банкомати, пет  пиштоли, една кеса со бела грутчеста материја, мобилни телефони и друго.

Исто така, полициските службеници извршиле претрес на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, при што биле пронајдени вреќи во кои имало 21 ќесиња марихуана и други предмети.

– Пронајдените предмети се подигнати и предадени на вештачење. По целосно документирање на случајот, против Б.Ј. ќе бидат поднесени кривични пријави по член 396 „неовластено изработување, држење, поседување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 215 „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од КЗ, информираат од МВР.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски ќе се обрати на настан по повод 80 години од ослободувањето на Скопје

Следно

Указите за отповикување амбасадори објавени поради истек на мандатот

Latest from Blog

Дејан Манасков доби нов договор

Битолскиот клуб и македонски шампион Е.Пелистер објави дека искусниот Дејан Манасков го продолжи договорот со овој клуб, „Шампионскиот ген на Дејан Манасков и следната сезона ќе ги радува навивачите на Еурофарм Пелистер.

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара
Go toTop