УЈП: Седумдесет отсто од даночните обврзници ги подмириле даночните обврски во законскиот рок

December 29, 2024
1 min read

Даночните обврзници во текот на овој месец успешно ја исполнија својата обврска за плаќање на данокот на личен доход, социјалните придонеси и ДДВ, што е одраз на одговорни даночни обврзници и усогласеност со законските обврски, соопшти денеска Управата за јавни приходи.

Во однос на бруто – плата за месец ноември 2024 година, 70,650 работодавачи имале обврска да исплатат плати и социјални придонеси за 552,030 вработени лица, а како што наведува УЈП во законскиот рок до 16 декември, 49,911 или 71 отсто од работодавачите ја исполниле обврската и исплатиле бруто плати и социјални придонеси за 482,276 од вработените лица.

-Ова значи дека за 87 отсто од вработените во државата социјалните придонеси се уплатени навремено. Овој резултат покажува одговорност и посветеност на работодавачите со цел  исполнување на даночните обврски на време, што има директен позитивен ефект и врз  социјалната сигурност на работниците, се вели во соопштението.

Во однос на обврските за ДДВ, нагласува УЈП, 98,7 отсто од регистрираните месечни ДДВ обврзници навремено ги поднеле даночните пријави за месечниот период од 01 – 30/11/2024 година. Од вкупно 7,284 даночни обврзници, 4,025  во даночните пријави пријавиле даночен долг за ДДВ и имале обврска за уплатат  3,399,369,827 денари, од кои 70 отсто или 2,811 од даночните обврзници навремено ги исполниле своите обврски,  при што уплатиле 78 отсто од вкупно пријавениот долг, односно уплатиле вкупно 2,652,711,966 денари.

За даночните обврзници кои не ги платиле даночните обврски во законскиот рок, се вели во соопштението, Управата за јавни приходи редовно постапува согласно дадените законски овластувања со мерки за глоба за неподнесена даночна пријава и присилна наплата на неплатениот даночен долг.

-Промовирајќи култура на позитивни односи со даночните обврзници, Управата претходно доставува известувања на сите кои задоцниле со потсетување доброволно да ги платат доспеаните даночни обврски, а потоа доставува опомени согласно закон и спроведува присилна наплата од парични средства на сметка во банка (блокада на сметка). Целта на Управата за јавни приходи е да постигне висок степен на навремено исполнување на даночните обврски како показател за ефикасно собирање на даночните приходи, заради што делува проактивно и превентивно пренесувајќи соодветни пораки до јавноста и до секој даночен обврзник, се вели во соопштението.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за денационализација во износ од 1,5 милиони евра

Следно

Авион на „Ер Канада“ се запали за време на слетување

Latest from Blog

Проданоски: Детските насмевки се најголемата победа на велосипедската трка

Над 200 деца учествуваа на „Ептен мини детската велосипедска трка“, која денеска се одржа на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп. Најмладите велосипедисти возеа со поддршка од родителите и најблиските, проследени со аплаузи

Општина Битола: Училиштата добиваат обновени терени, продолжува изградбата на спортските сали

Изградбата и реконструкцијата на 24 училишни спортски терени и четири типски спортски сали ја одбележуваат годинава во Битола, информираат од Општината. Дел од проектите се завршени, додека останатите се во фаза на

Николоски: Околу шест милиони евра инвестираме во инфраструктурниот развој на Кичево

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска оставри работна посета на општина Кичево, каде со градоначалникот Александар Јовановски изврши увид во реконструкција на улица Рудничка. Ова е проект

ИЗИР: Македонија не смее да го пропушти моментумот за одржливо искористување на минералните ресурси

Македонија не смее да го пропушти моментумот што се создава во Европа во однос на обезбедувањето критични минерални суровини и да дозволи потенцијалот на домашните наоѓалишта, меѓу кои и Иловица–Штука, да остане

Општина Битола: Градот го слави ослободувањето низ „Сите бои на сеќавањето“

Под слоганот „Сите бои на сеќавањето“, Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот, со програма што ги поврзува историската меморија, културата, спортот и хуманоста. Настаните се одржуваат од 30
Go toTop