МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за денационализација во износ од 1,5 милиони евра

December 29, 2024
1 min read

Министерството за финансии ја издаде 23-тата емисија на Обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милион евра, со која се обесштетуваат баратели со правосилни решенија за денационализација донесени во период од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година. Станува збор за обесштетување на вкупно 108 баратели.

Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои ги издава Министерството за финансии, во евро валута, а гласат на име, и се неограничено преносливи. Номиналната вредност и каматата од 2% годишно на имателите на обврзници се исплаќа еднаш во годината во период од 10 години, односно на 10 еднакви рати, а за оваа емисија исплатата ќе започне од 1 јуни 2025 година.  Имателите на обврзницата може истата да ја материјализираат, односно со неа може да тргуваат на секундарниот пазар на Македонската берза.

Согласно Законот за издавање на обврзници на Република Македонија за денационализација,  Министерството за финансии, почнувајќи од 2002 година, еднаш годишно врши емисија на обврзници за денационализација, а Владата  со одлука го утврдува износот на обврзниците за денационализација коишто се издаваат.

Државата досега има издадено 22 емисии на обврзници за денационализација на износ од  397 милиони евра.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Гласен текстилец“: Дали анкетираните што сакаат да работат во недела се од јавната администрација?

Следно

УЈП: Седумдесет отсто од даночните обврзници ги подмириле даночните обврски во законскиот рок

Latest from Blog

Адвокатот на Линдзи Кленси бара од Трамп да ја помилува, иако таа призна дека си ги убила своите три деца (ВИДЕО)

„Господине претседателе, се надевам дека ќе размислите за тоа каква личност е оваа млада жена, низ што поминала и ќе ја разгледате можноста за помилување“, рече адвокатот Кевин Редингтон во интервју за

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа

Остра реакција на Исланд поради објавата на Трамп- повикан на разговор американскиот амбасадор

Исланд го повика американскиот амбасадор во Рејкјавик на разговори откако претседателот Доналд Трамп објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа Исланд и други земји под знамето на САД, објави исландскиот

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина
Go toTop