Турските сили неутрализираа 15 терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија

October 27, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа 15 терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија, во близина на турската граница, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Анадолу.

Терористите беа таргетирани во подрачјата на операциите „Штитот на Еуфрат“ и „Извор на мирот“ во северна Сирија, соопшти Министерството на Х.

„Нашите операции ќе продолжат сѐ додека не биде неутрализиран и последниот терорист“, нагласи Министерството.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, жени и постари лица. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.

Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку своите граници во северна Сирија со цел да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико

Следно

Најмалку 22 лица загинаа во напади на северот на Газа

Latest from Blog

Словенците откриваат кој е нивни најголем проблем, но дали Македонија тоа ќе го искористи?

Словенија слично како Македонија, разочара во првиот меч од Лига на нации, но сепак освои бод на свој терен против Шкотска (0:0). Голманот Јан Облак со неколку одлични одбрани е најзаслужен што

Македонската берза во нагорна линија: Банкарските акции со значаен раст

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 29.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.814,99 поени. Во однос

Динитриеска-Кочоска: Со САД продолжуваме да ги модернизираме јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средба со Лаура Хостели од Канцеларијата за техничка помош на Министерството за финансии на САД, на која биле разгледани тековната поддршка и проектите насочени кон
Go toTop