Турскиот претседател Ердоган утре во Анкара ќе се сретне со украинскиот претседател Зеленски

February 17, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре во главниот град Анкара ќе се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски, соопшти турски претставник, јавува Анадолу.

„Нашиот претседател, г. Реџеп Таип Ердоган, утре, 18 февруари, во Претседателскиот комплекс ќе се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој ќе престојува во официјална посета на нашата земја на покана на нашиот претседател“, соопшти директорот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, на платформата X.

Се очекува двајцата лидери да разговараат за стратегиското партнерство меѓу Туркије и Украина, со фокус на „преглед на односите во сите аспекти“ и „чекорите што треба да се преземат за понатамошно зајакнување на соработката меѓу двете земји“.

Посетата е можност и за „размена на мислења за последните случувања во Украина“ и други важни „регионални и глобални прашања“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израел објави тендер за изградба на речиси 1.000 станбени единици на Западниот Брег

Следно

Ивковски: Концепцијата за гимназиско образование мора да ги вклучи ставовите на сите засегнати страни

Latest from Blog

И покрај поразот од 0-7: Славен Билиќ останува селектор на Хрватска

Хрватската репрезентација го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако Англија славеше со неверојатни 7:0 во Риека. По натпреварот во центарот на вниманието се најде иднината на селекторот Славен Билиќ. Дел од

Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година

Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила

Ким Џонг-ун го надгледувал лансирањето на хиперсонична ракета

Ракетата беше лансирана во Источното Море како дел од обуката за ракетни единици кои ракуваат со „хиперсоничен стратешки систем на оружје“, соопшти KCNA. Ким рече дека способноста за контранапад на севернокорејската војска
Go toTop