Израел објави тендер за изградба на речиси 1.000 станбени единици на Западниот Брег

February 17, 2025
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелската Влада објави тендер за изградба на речиси 1.000 станбени единици на окупираниот Западен Брег, јавува Анадолу.

Групата „Мир сега“, која ја надгледува изградбата на доселенички капацитети на Западниот Брег, објави дека ќе бидат изградени 974 станбени единици за доселениците во населбата Ефрат, јужно од Витлеем.

Тие предупредија дека изградбата на целата населба ќе го спречи развојот на Витлеем на југ и во случај на израелска анексија на областа, целиот јужен дел од Западниот Брег ќе биде отсечен.

Израелската организација го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху дека им наштетил на интересите на Израел и го поткопува дводржавното решение преку наметнување на реалноста на теренот.

„Додека погледот на израелскиот народ е насочен кон ослободувањето на заложниците и крајот на војната, Владата на Нетанјаху работи ‘на стероиди’ за да воспостави нова фактичка состојба на теренот и на тој начин да ја уништи шансата за мир и компромис“, велат тие.

Деветнаесет израелски заробеници и пет работници од Тајланд се ослободени во замена за 1.135 палестински затвореници според договорот за прекин на огнот во Газа што стапи на сила на 19 јануари.

Меѓународната заедница, вклучително и Обединетите нации, сметаат дека израелските населби на Западниот Брег се кршење на меѓународното право. ОН постојано предупредуваа дека проширувањето на нелегални населби го загрозува решението за две држави, рамка што се смета за клучна за ставање крај на повеќедеценискиот израелско-палестински конфликт.

Во јули 2024 година Меѓународниот суд на правдата ја прогласи окупацијата на Палестина од страна на Израел за нелегална. Тој побара иселување на сите постојни населби на Западниот Брег и Источен Ерусалим (Источен Кудс).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милошоски: Македонија треба да има современ државен грб, низ дијалог треба да стигнеме до консензус

Следно

Турскиот претседател Ердоган утре во Анкара ќе се сретне со украинскиот претседател Зеленски

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop