Турскиот министер Фидан: Турција ќе продолжи да игра клучна улога во европската безбедност

May 15, 2025
1 min read

АНТАЛИЈА / ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денес нагласи дека Турција ќе продолжи да игра клучна улога во европската безбедност, јавува Анадолу.

„Како втора по големина војска во НАТО, Турција ќе продолжи да игра клучна улога во европската безбедносна архитектура преку своите воени капацитети и инфраструктура на одбранбената индустрија“, изјави Фидан на прес-конференцијата по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Анталија, јужна Турција.

Тој нагласи дека разговорите во Анталија ја потврдиле водечката улога на НАТО во евроатлантската безбедносна архитектура, додавајќи дека безбедноста на Европа не може да се разгледува одвоено од НАТО.

„Во таков период, нашето очекување е сите чекори во областа на безбедноста да се преземат без непотребно повторување, отстапување или одвојување од НАТО“, рече Фидан, и додаде дека тие ги подигнале овие прашања и на состаноците на ниво на Алијансата и во билатералните разговори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѕвездата на Реал жестоко реагираше на шпекулациите за заминување

Следно

Кошта за гаранциите од ЕУ за Македонија: Треба да се испорача договореното и нема простор да се бара нешто повеќе

Latest from Blog

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“. Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по
Go toTop