ТРАМП НА ЈАВНА СЦЕНА: “Ти прв рече дека треба да ги нападнеме…“

March 24, 2026
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник, се чини, се обиде дел од вината за конфликтот со Иран да ја префрли на министерот за одбрана Пит Хегсет.

Зборувајќи на тркалезна маса на воени и полициски лидери во Мемфис, претседателот рече за околностите што доведоа до започнувањето на операцијата „Епски бес“ на 28 февруари: „Го повикав Пит, го повикав генералот Ден Кејн, ги повикав многу од нашите одлични луѓе – имаме многу одлични луѓе – и реков: „Ајде да разговараме“.

„Имаме проблем на Блискиот Исток. Имаме земја позната како Иран, која е извозник на тероризам веќе 47 години и е многу блиску до тоа да има нуклеарно оружје. Можеме да продолжиме и да ги зголемуваме тие 50.000 на 55 и 60 одново и одново, или можеме да застанеме и да направиме мало патување до Блискиот Исток и да го отстраниме големиот проблем.“

„И Пит, мислам дека беше првиот што излезе и рече: „Ќе го направиме ова затоа што не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје“. Значи, сега водиме навистина добри разговори. Почнаа синоќа, хм, малку, а ноќта пред тоа...“

Барем две недели наназад во САД постои јавен притисок да се прекине нападот врз Иран и војната за која, според анкетите, поддршката за војната од 35% падна на само 12%, а се појавија вести дека постои поделеба во тимот на Трамп околу таа војна.

Неговиот потпреседател Ј.Д. Венес е против, против се и разузанвачките служби за што уследија и оставки, а министерот за одбрана и неколкумина околу него се за војна и тоа таква што треба да се прошири и да вклучи и војници кои би делувале на иранската територија.

Директорот на Националниот центар за борба против тероризмот, Џозеф Кент, поднесе оставка станувајќи првиот и највисок член на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кој поднесе оставка поради војната против Иран, со објаснување дека Техеран не претставува непосредна закана за Соединетите држави.

Гостувајќи во подкастот кај познатиот и влијателен новинар Такер Карлсон, Кент изјави дека “Војаната во Иран се води за интересите на Израел, а не за интересите на САД“.

„Не можам со мирна совест да ја поддржам војна што трае во Иран. Иран не претставува непосредна закана за нашата нација и јасно е дека ја започнавме оваа војна поради притисок од Израел и неговото моќно лоби“, напиша Џозеф Клеј Кент, поранешен офицер во американската армија и поранешен паравоен офицер на Централната разузнавачка агенција (CIA), во писмо до Трамп објавено на платформата X.

Трамп, за прв пат, јавно покажа од кога почнала иницијативата и во американските медиуми тоа се толкува како почеток на дистанцирање на претседателот на САД од војната и последиците од неа и префрлање на вината на Пентагон а министерот за одбрана Пет Хегсет како идна жртва која може да заврши и со негова смена.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Следно

Bytyqi: Ulja e TVSH-së për derivatet e naftës nuk është zgjidhje për krizën energjetike

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop