Кошта за гаранциите од ЕУ за Македонија: Треба да се испорача договореното и нема простор да се бара нешто повеќе

May 15, 2025
1 min read

Она што е договорено е договорено и нема веќе за што преговараме. Со оваа порака дојде претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, одговарајќи на прашањето дали Европската унија ќе понуди некакви гаранции за македонската влада за продолжување на преговорите со Брисел.

Во однос на преговарачката рамка, време е земјава да испорача додаде Кошта, што значи дека без уставни измени нема да почне отварањето на поглавјата. Нема план Б, дециден е Кошта и рече најдобро е да се фокусираме на планот А.

Претседателот на владата Мицкоски од своја страна ги повтори добро познатите позиции дека без гаранции за македонскиот идентитет од Европската унија, како и почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права нема да има напредок. Премиерот не одговори директно дали владата го сменила ставот за одложено дејство на уставните измени и кажа дека евроинтеграцискиот пат ќе продолжи со засилено темпо во наредниот период. Мицкоски вели подготвен е за средба со бугарската страна во секое време.

Кошта ја поздрави земјава за како што кажа успешно спроведените реформи и порала да се продолжи на реформиот пат особено на владеењето на правото и борбата против корупцијата. Европската унија ќе помага цело време во текот на процесот и на инвестициски план особено поврзано со коридорите 8 и 10 кажа Кошта.

 

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер Фидан: Турција ќе продолжи да игра клучна улога во европската безбедност

Следно

Путин нема да биде дел од мировните преговори во Истанбул

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој

Божиновска: Да создадеме услови секој млад човек да го покаже својот потенцијал

Креативноста и потенцијалот на учениците со попреченост беа во фокусот на проектот „EVN4Environment“, во кој учествуваа 10 училишта и повеќе од 100 ученици. Преку креативни работилници, учениците создаваа пораки и дизајни посветени

Македонското друштво “Илинден“-Тирана на Конгресот на ФУЕН ќе предложи резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, потврдувајќи го учеството на Конгресот на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), најави дека ќе предложи Резолуција за унапредување на правата на Македонците во Албанија. Годинашниот 70. Конгрес на
Go toTop