Турската Црвена полумесечина и меѓународни групи со проект за парична поддршка за погодените од земјотресот во Туркије

April 14, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската Црвена полумесечина започна голем проект за хуманитарна помош во соработка со Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН) и Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за да обезбеди парична поддршка за семејствата погодени од земјотресите во Туркије, јавува Анадолу.

Во рамките на проектот насловен „Време за колективна љубезност“, речиси 1 милијарда турски лири (51,6 милиони долари) хуманитарна помош, која ја обезбедуваат меѓународните чинители, се доставени до жртвите од земјотресот, соопшти турската Црвена полумесечина во соопштението за медиумите.

Како дел од проектот, се обезбедуваат 3.000 турски лири (154,86 долари) месечна парична поддршка за семејствата на кои им е потребна, соопшти Црвената полумесечина.

Во првата фаза од проектот ќе се обезбеди парична поддршка за 151.000 домаќинства погодени од катастрофата.

Се работи на продолжување на времетраењето на проектот, кој во првата фаза ќе трае два месеци, како и на проширување на групата корисници.

Во двата земјотреси кои на 6 февруари ја зафатија јужна Туркије загинаа повеќе од 50.000 луѓе и поттикнаа меѓународна солидарност.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Околу 14 милиони луѓе во Туркије се погодени од земјотресите, како и многу други во северна Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поранешната потпретседателка на Европскиот парламент пуштена во домашен притвор

Следно

Во џамијата Ал Акса џума-намаз клањаа речиси 250.000 верници

Latest from Blog

Костовски: На урбаната мафија и запревме 50 илјади м² бетон, таму каде што сакаа згради, денес се издига мега-паркот во Бутел (ВИДЕО)

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, објави видео во кое ја покажува локацијата за која, според него, неговите политички противници планирале изградба на станбени објекти со над 50 илјади квадратни метри бетон,

КОЧО АНЃУШЕВ ВО БИТОЛА: СО БАТЕРИИ, ФАБРИКИТЕ МОЖАТ ДА ЈА КОРИСТАТ СОПСТВЕНАТА ЕВТИНА СТРУЈА И КОГА НЕМА СОНЦЕ

Фабриките што имаат фотоволтаични електрани на своите покриви можат значително да ја зголемат користа од нив доколку инвестираат и во батериски системи. Наместо да ја користат сопствената евтина електрична енергија само додека

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на
Go toTop