Во џамијата Ал Акса џума-намаз клањаа речиси 250.000 верници

April 14, 2023
1 min read

АЛ-КУДС (АА) – И покрај опструкциите и ограничувањата на израелските власти, речиси 250.000 муслимани се собраа денеска на џума-намаз во комплексот Ал Акса во окупираниот Источен ал-Кудс (Источен Ерусалим), јавува Анадолу.

Ова е четврти џума-намаз во светиот муслимански месец Рамазан, па верниците и денеска побрзаа низ тесните улички на старото јадро на Ерусалим до комплексот Ал Акса.

Млади и стари, жени и деца ги исполнија дворовите на комплексот Ал Акса, кој се смета за трет по важност верски комплекс за муслиманите, по Ќаба во Мека и Џамијата на пратеникот во Медина.

Администрацијата на исламски вакуфи во Ерусалим соопшти дека речиси 250.000 верници денеска ја извршиле петочната молитва во комплексот Ал Акса.

Израелската полиција го засили присуството околу комплексот.

Имамот и хатиб на Ал Акса, шеикот Екрима Сабри, во денешната хутба истакна дека е важно Ал Акса да биде секогаш полна, особено во овој момент откако израелските сили извршија напади среде Рамазан и повредија десетици верници во тој комплекс.

Потсетувајќи дека израелските сили неколку пати „дивјачки“ ја нападнале Ал Акса, имамот Сабри ги поздрави верниците кои доаѓаат да се молат во тој комплекс во знак на отпор.

„Израелските војници не ја гледаат Ал Акса како свето место, бидејќи во спротивно не би ја нападнале така. Не постои место за богослужба во светот кое е изложено на напади како Ал Акса. Таа им припаѓа само на муслиманите и за тоа нема преговори. Нека знаат сите дека тоа е верски и стратешки став на муслиманите“, порача имамот Сабри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Турската Црвена полумесечина и меѓународни групи со проект за парична поддршка за погодените од земјотресот во Туркије

Следно

Силен земјотрес регистриран во Индонезија

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop