Турската одбранбена индустрија со нов извоз во Заливот

1 min read

ДОХА (АА) – Турската одбранбена индустрија неодамна извезе два брзи јуришни чамца во Катар, а има уште три во производство, што го покажува континуираниот успех на земјата во одбранбениот извоз во земјите од Заливот, јавува Анадолу.

Брзите јуришни чамци, познати како „пловила за брз напад“, од турското бродоградилиште ДЕАРСАН, може да се користат за различни мисии, како што се асиметрично војување, патролирање, заштита на регионалните води, борба против поморското пиратство, мисии за пребарување и спасување, операции за помош при катастрофи и друго.

Пловилата долги 50 метри се користат за гранична контрола, безбедност на пристаништето и базата и опремени се со три млазни мотори и различни оружени системи за површински, воздушни и асиметрични конфликти.

– Автохтоно оружје, сензорски системи –

Еркан Јеничери, менаџер за развој на бизнисот на ДЕАРСАН, за Анадолу изјави дека компанијата го финализирала развојниот процесот со морнарицата на катарскиот емир, кој траеше околу шест години.

Покрај двете единици, Јеничери рече дека вкупниот број бродови што ќе бидат пратени во Катар е пет откако ќе се додадат уште три со различни конфигурации.

Тој рече дека катарската морнарица ќе ги зголеми своите способности благодарение на овие бродови.

Јеничери истакна дека речиси целото оружје и сензорските системи на пловните објекти ќе бидат обезбедени од турски компании.

„Ќе инсталираме сензори направени од Аселсан, оружје и ракетни системи на Рокетсан, на овие бродови,што ќе го означи продорот за присуството на турската одбранбена индустрија во Катар.“

„Во пловилата, како главен топ ќе се користи италијанскиот 40-милиметарски топ ‘Леонардо’ , ракетата ‘Чакир’ на Рокетсан ќе се користи против површинските закани, ‘Сунгур’ на Рокетсан ќе се користи против воздушни цели, а 3-Д радарот на Аселсан ‘МАР-Д’ и електрооптичкиот детектор ‘Ахтапот’ ќе се користат како главно оружје“, рече тој.

Напомена и дека бродот има два стабилизирани митралеза со муниција од 12,7 милиметри.

Јеничери рече дека трупот на бродовите е направен од челик, а надградбите се од легура на алуминиум за да им се овозможи на овие морски пловила да се движат со брзина поголема од 36 јазли (66 километри на час).

„На катарската морнарица ќе ѝ обезбедиме две многу модерни и многу важни платформи на брзи патролни чамци, а речиси сите сензори и оружје се производи на турската одбранбена индустрија“, додаде тој.

„Процесот на изградба сè уште е во фаза на идејно проектирање, со планови првото парче метал да се сече за осум месеци“, рече Јеничери.

Тој истакна дека компанијата планира да го испорача првиот брод за 39. месеци, а вториот брод по 42. месеци од почетокот на производствениот процес.

Договорот за извоз го потпишаа претседателот на ДЕАРСАН, Азиз Јилдирим, и катарскиот морнарички генерал-мајор Абдула бин Хасан ал Сулаити во присуство на Халук Горгун, претседател на Агенцијата за одбранбена индустрија на Туркије.

Катарската морнарица моментно активно користи пловила изградени од турски бродоградилишта.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Шведска во понеделник официјално ќе стане 32. членка на НАТО

Следно

Втора шанса за стратешките инвестиции и покрај несогласувањата

Latest from Blog