Туркије во јануари ја посетија 2,1 милион странски туристи

February 23, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије во јануари беше домаќин на речиси 2,1 милион странски посетители, што е зголемување од 2,05 отсто на годишно ниво, покажуваат официјалните податоци објавени денес, јавува Анадолу.

Истанбул, најголемиот турски град по број на население, имаше најголем број посетители минатиот месец, 1,2 милиони, покажуваат податоците на Министерството за култура и туризам.

Северозападната турска област Едрене, која граничи со Бугарија и Грција, во јануари забележа 237.714 пристигнувања на странски туристи. Следува познатото летувалиште Анталија на турската ривиера со 178.306 странски посетители.

Руските туристи го зазедоа првото место со 11,3 отсто, односно околу 230.579 посетители од таа земја, потоа следуваат Иран со 10,4 отсто или 211.801 посетители и Бугарија со 7,93 отсто или 162.414 туристи.

Во 2023 година Туркије беше домаќин на 49,2 милиони странски туристи, што е зголемување за 10,4 отсто во однос на претходната година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Велика Британија запленети рекордни 5,7 тони кокаин

Следно

Во Шпанија пронајдени 10 авиони, седум јахти и 357 станбени објекти, за кои се претпоставува дека се сопственост на руски бизнисмени

Latest from Blog

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.

Меџити по пресудата во Хаг: Борбата за вистината продолжува

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, ја оцени како разочарувачка и длабоко неправедна денешната одлука на Хашкиот суд за поранешните лидери на ОВК. Меџити во својата реакција порача

Прометот на Македонската берза 2,9 милиони денари, МБИ10 во раст од 0,19 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.09.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.168,17 поени. Во однос
Go toTop