Туркије им се придружува на земјите што ја поддржуваат Декларацијата за тројно зголемување на нуклеарната енергија

November 14, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије е меѓу земјите што ја поддржуваат Декларацијата за тројно зголемување на глобалниот капацитет за нуклеарна енергија до 2050 година на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени КОП29 во Баку, објави вчера турскиот министер за енергетика и природни ресурси, јавува Анадолу.

Со вклучувањето на Туркије вкупниот број земји што ја ратификуваа Декларацијата достигна 31, сподели Алпарслан Бајрактар ​​на социјалната мрежа X.

„Веруваме дека до 2050 година ќе придонесеме за целта нето-нулта емисија со пуштање во употреба на 20.000 мегавати нуклеарен инсталиран капацитет“, додаде Бајрактар.

Светското нуклеарно здружение претходно во средата соопшти дека уште шест земји ја поддржале Декларацијата за тројно зголемување на нуклеарната енергија.

Ел Салвадор, Казахстан, Кенија, Косово и Нигерија се земјите што ја поддржаа Декларацијата.

Историската Декларација за тројна нуклеарна енергија беше потпишана на Конференцијата на ОН за климатски промени КОПP28 во Дубаи минатата година.

Декларацијата ја поддржуваат Ерменија, Бугарија, Канада, Хрватска, Чешка, Финска, Франција, Гана, Унгарија, Јамајка, Јапонија, Кореја, Молдавија, Монголија, Мароко, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шведска, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.

Во согласност со Декларацијата, Туркије планира изградба на уште две нуклеарни централи, покрај првата во земјата „Акују“, која е во изградба во турската област Мерсин на брегот на Средоземното Море.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Раководството на Реал не сака Рамос да се врати во клубот

Следно

ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на навремената достава и квалитетот на услугата

Latest from Blog

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop