Туркије ги повика Израел и Иран на воздржаност од чекори што можат да доведат до поширок конфликт

April 19, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Во услови на зголемени тензии предизвикани од израелскиот напад врз иранскиот Конзулат во Дамаск, Туркије денес ги повика сите страни на воздржаност, нагласувајќи ја важноста од спречување на понатамошна ескалација, јавува Анадолу.

„Со оглед на последните случувања, станува сѐ поочигледно дека тензиите првично се предизвикани од израелскиот нелегитимен напад врз иранскиот Конзулат во Дамаск, а постои ризик да се претворат во траен конфликт“, соопшти турското Министерство за надворешни работи.

Министерството ги повика сите страни да се воздржани од чекори што можат да доведат до поширок конфликт.

„Приоритет на меѓународната заедница треба да биде да се запре масакрот во Газа и да се обезбеди траен мир во нашиот регион преку формирање на палестинска држава“, се вели во соопштението.

Тензиите дополнително ескалираа меѓу Иран и Израел откако Техеран во саботата изврши напад со дрон и ракетен напад како одговор на нападот на неговиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој беа убиени седум воени советници.

Турското Министерство се огласи по извештаите за израелски напад врз Иран, откако силни експлозии се слушнаа во најмалку два ирански града утринава.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Фон дер Лајен на границата на Финска со Русија, се врши проценка на безбедносната состојба

Следно

Залудноста на војната во Украина стана очигледна

Latest from Blog

Охридското Езеро годинава ќе биде порибено со 1,6 милиони единки пастрмка

Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот

СДСМ: И во Кривогаштани куп бактерии во водата за пиење

СДСМ преку соопштение обвини дека проблемот со безбедноста на водата за пиење во Македонија добива пошироки размери, откако, според партијата, во јавна чешма во Кривогаштани биле утврдени бактерии кои ја прават водата
Go toTop