Тухел нов селектор на Англија

January 1, 2025
1 min read

Со доаѓањето на новата година дојде до промени во Англиската фудбалска асоцијација. Долгогодишниот тренер Герет Саутгејт стави крај на оваа приказна, по него имаше привремено решение, а како што беше најавено нов англиски селектор стана германскиот стратег Томас Тухел (51).

На „жешкото столче“ седна поранешниот тренер на ПСЖ, Челзи и Баерн.

– На незадоволните навивачи можам да им кажам дека ми е жал што имам германски пасош. Можеби некои од нив ја почувствуваа мојата страст во Премиер лигата, сакам да живеам и работам во Англија, горд сум што сум селектор- изјави Тухел.

Тој е третиот странец на клупата на „Гордиот албион“ по Швеѓанецот Свен Горан Ериксон и Италијанецот Фабио Капело.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФБИ го идентификуваше осомничениот за нападот во Њу Орлеанс

Следно

Разговор со градоначалникот на Кавадарци Јанчев: Отворен нов скијачки центар во Македонија

Latest from Blog

Израел бесен поради Нобеловата награда за мир: „Јозеф Гебелс аплаудира од пеколот“

„Кога би постоела награда за лаги, омраза и крвави клевети, Нави Пилај не само што би била кандидат, туку би била и главен фаворит“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на платформата
Go toTop