ФБИ го идентификуваше осомничениот за нападот во Њу Орлеанс

January 1, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – ФБИ го идентификуваше осомничениот кој со пикап влета во толпа посетители на прославата на Нова година како Шамсуд-Дин Џабар (42), во тековната истрага за терористичкиот напад во кој загинаа најмалку 10 луѓе, јавува Анадолу.

Откако удрил со пикап Форд во толпата, Џабар излегол од возилото и отворил оган врз полицијата, што ги натерало полицајците да возвратат со оган, се вели во соопштението на ФБИ.

Џабар е прогласен за мртов на местото на настанот, а двајца полицајци се пренесени во локалната болница за да им се укаже помош поради повредите со кои се здобиле во престрелката.

Џабар бил американски државјанин од Тексас, соопшти ФБИ, додавајќи дека во возилото се наоѓало знаме на терористичката организација ДЕАШ.

„ФБИ работи на утврдување на потенцијалната поврзаност на субјектот со терористички организации“, се вели во соопштението. „Агресивно ги спроведуваме сите истраги за да ги идентификуваме можните соработници на субјектот (лицето).“

Во камионетот биле пронајдени повеќе парчиња оружје и потенцијална импровизирана експлозивна направа. Други потенцијални експлозивни направи беа лоцирани во Францускиот кварт.

Претходно, американскиот претседател Џо Бајден рече дека целото утро бил „континуирано информиран“ од неговите високи службеници „во врска со ужасниот инцидент“ што се случи рано наутро денес и изрази благодарност до локалната полиција чија реакција спречи „уште поголема смрт и повреди“.

Најмалку 10 лица загинаа, а 35 се повредени кога маж со камион влета во толпа луѓе кои ја прославувале Новата година во популарниот француски кварт во Њу Орлеанс, соопштија денес локалните власти.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, ЛаТоја Кантрел, го нарече фаталниот инцидент за време на прес-конференцијата „терористички напад“.

ФБИ ја презеде истрагата за нападот како чин на тероризам.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Отворен ски центарот „Михајлово“

Следно

Тухел нов селектор на Англија

Latest from Blog

Македонија ја зголемува енергетската сигурност со нови зелени капацитети

Македонија бележи забрзан развој на обновливите извори на енергија, а растот на инсталираните капацитети веќе ја надминува динамиката предвидена со Националниот план за енергија и клима (НПЕК). Ова е наведено во најновиот

Трамп повторно изјави дека се надева оти крајот на војната против Иран е близу

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева дека крајот на војната против Иран е близу, бидејќи конфликтот, кој е во седмиот месец, ескалираше кога саудиските авиони  го бомбардираа Јемен, а  Хутите

Комуналец Прилеп со порака: Чиста Могила за уживање на сите

Парк-шумата Могила во Прилеп во моментов е чиста и уредна, информираат од ЈКП „Комуналец“ – Прилеп. Од претпријатието упатија благодарност до граѓаните кои со своето однесување придонесуваат просторот да остане чист и
Go toTop