ЦУК: Пожарот кај Богданци сѐ уште не е ставен под контрола, но во моментов нема активно горење

August 4, 2023
1 min read

Од Центарот за управување со кризи додаваат дека на располагање се и три ертрактори на ДЗС и два хеликоптери на МВР, доколку дојде до разгорување на пожарот

Пожарот кај Богданци сѐ уште не е ставен под целосна контрола, но во овој момент нема активно горење, соопштија утринава од Центарот за управување со кризи (ЦУК) откако беше најавено дека тимови на повеќе институции и противпожарни бригади денеска околу 6 часот ќе продолжат со гаснењето на пожарот.

„Во овој момент нема активно горење на пожарот кај Богданци, чад има на повеќе места и пожарот сѐ уште не е ставен под контрола“,

соопштија утринава од ЦУК.

Фото: ЦУК

Пожарникари од Гевгелија, Валандово, Кавадарци и Штип, заедно со тим од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Национални Шуми и Јавното комунално претпријатие од Богданци, додаваат од ЦУК, утринава се обидуваат да го заобиколат пожарот од сите страни за да го изгаснат.

„Доколку во подоцнежните часови дојде до разгорување на пожарот на располагање стојат три ертрактори на ДЗС како и два хеликоптери на МВР“,

додаваат од ЦУК.

Пожарот во месноста Брдаров камен кај Богданци избувна вчера околу 11 часот. Првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, вчера оцени дека состојбата не е алармантна и дека ниту едно населено место не е загрозено.

Доцна синоќа од МВР соопштија дека пожарот е локализиран, односно спречено е негово ширење кон пределот каде се наоѓаат ветерниците. Хеликоптерот на Министерството кој учествувал во акцијата исфрлил 17 тони вода.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Томас Тухел јавно го понижи Кимих

Следно

„120 години од Илинденското востание – архивска меморија“, патувачка изложба на Државниот архив

Latest from Blog

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,
Go toTop