Црна Гора го одбележува Денот на државноста

July 13, 2025
1 min read

Црна Гора денеска го одбележува Денот на државноста, во знак на сеќавање на 13 јули 1878 година, кога на Берлинскиот конгрес беше призната како самостојна држава, и истиот датум 1941 година, кога народот на Црна Гора почна востание против фашизмот.

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, изјави дека 13 јули е симбол на државноста и порака дека пред силата на неправдата и мрачните идеологии никогаш не треба да се попушта.

Тој, на свечениот прием по повод 13 јули – Денот на државноста на Црна Гора, кој го приреди во резиденцијата на Цетиње, рече дека се одбележува ден кога, во две различни епохи, биле испишани најсветлите страници на црногорската историја.

– За Црна Гора овој датум не е празник, туку ден кога во темелите на нашето општество ги вградивме највозвишените вредности на слободата, честа и достоинството. Тринаесетти јули е симбол на државноста и порака дека пред силата на неправдата и мрачните идеологии никогаш не попуштаме, истакна Милатовиќ.

Тој рече дека „од пламенот на 13 јули е родена светлината на слободата која и денес го осветлува патот на Црна Гора“.

– Денес се бориме да живееме во уредена држава со силни институции и јасни правила кои важат подеднакво за сите. Се бориме работата да има вредност, знаењето и трудот да се ценат, никој да не е над законот, наведе Милатовиќ.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЕП ДИВИЗИЈА Б „ПОД 18“-ЖЕНИ: Јуниорките завршија на 18 позиција

Следно

 Сестрата на убиецот од Прилеп и нејзината снаа со часови стоеле пред куќата и викале да ги пушти внатре

Latest from Blog

Зеленски: ЈА ВРАЌАМЕ ВОЈНАТА ВО РУСИЈА

Во своето вечерно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги осуди руските напади врз Запорожје и Днепар, нарекувајќи ги „многу цинични“. Тој изјави дека руските сили во Запорожје со беспилотни летала нападнале цивилни

ПОДЕМ: Усвојувањето на Законот за игрите на среќа и забавните игри е важна реформа во интерес на граѓаните

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) го поздравува донесувањето на новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, со кој по повеќе од една деценија конечно се воспоставува современа и

Цените на нафтата растат, вознемиреноста во Ормускиот теснец се интензивира

Цените на нафтата се зголемија на меѓународните пазари на околу 73 долари, сигнализирајќи зголемена вознемиреност кај инвеститорите откако новиот бран ракети во Ормускиот теснец ги истакна ризиците за спроведување на американско-иранскиот договор
Go toTop