Црна Гора денеска гласа на предвремени парламентарни избори

June 11, 2023
1 min read

Првите проекции од излезните анкети за резултатот од изборите се очекува невладините организации кои ги набљудуваат изборите да ги имаат околу 21 часот

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC (архива)

Црногорците денеска гласаат на предвремени парламентарни избори. Ова се шести избори од независноста на државата од 2006 година.

Право на глас имаат 542 граѓани кои избираат меѓу 15 кандидатски листи за пратеници.

Гласачките места се отворија утрово во 7 часот, а според податоците од Центарот за демократска транзиција (ЦДТ) до 8 часот гласале 2,3 отсто од запишаните гласачи или 12 300 граѓани.

Она што го очекуваат Црногорците е по три години политичка нестабилност и пад на две влади, да добијат нова стабилна влада за наредните четири години која ќе го „одмрзне“ процесот на евроинтеграции односно ќе го забрза членството на Црна Гора во ЕУ.

Анкетите во пресрет на изборите му даваа предност на вонпарламентарно движење Европа сега, предводено од поранешниот министер за финансии Милојко Спајиќ. Кандидатот на ова движење, Јаков Милатовиќ, во април убедливо победи на претседателските избори каде противкандидат му беше бившиот претседател Мило Ѓукановиќ од Демократската партија на социјалистите (ДПС).

Оваа партија, на изборите денеска настапува со листа предводена од в.д. партискиот претседател Данјел Живковиќ кој го наследи Ѓукановиќ на лидерското место по изборниот пораз.

Граѓанското движење УРА на актуелниот премиер во технички мандат Дритан Абазовиќ, пак, настапува во предизборната коалиција „Бори се храбро“ заедно со демократите на поранешниот претседател на Парламентот на Црна Гора, Алексе Бечиќ.

Меѓу останатите кандидатски листи кои бараат место во новиот состав на црногорскиот парламент има и неколку нови партии и коалиција.

Првите проекции од излезните анкети за резултатот од изборите се очекува невладините организации кои ги набљудуваат изборите да ги имаат околу 21 часот.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вилијам Салиба ќе потпише нов договор со Арсенал

Следно

Ердоган му честита на Манчестер Сити за освојувањето на титулата во УЕФА Лигата на шампиони

Latest from Blog

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде

Сиљановска-Давкова и Бегај во Охрид: Двете земји можат да постигнат успех во заштита на Охридското езеро, природата и заедничкото природно богатство

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид го прими претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, кој е во работна посета на земјава. Обајцата соговорници изразија задоволство од воспоставеното пријателство и
Go toTop